еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Извршен одбор на СДСМ: Предвремени избори доколу пратениците не поддржат уставни измени

Извршниот одбор на СДСМ на синоќешната седница заклучил дека пратениците во Собранието треба да ја следат јасно изразената волја на мнозинството од над 600 илјади граѓани, да преземат одговорност и да се забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ.

Доколку тоа не е можно, како што се наведува во партиското соопштение, тогаш веднаш ќе се оди на предвремени парламентарни избори.

Извршниот одбор, како што се наведува во соопштението, ги овластил претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и координаторот на пратеничката група, Томислав Тунтев, да ги преземат сите потребни чекори во насока на подготовка за предвремени парламентарни избори.

– Огромното мнозинство, над 90 отсто од граѓаните што излегоа на гласање избраа „ЗА“ и порачаа дека Република Македонија треба да го прифати договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ со зачуван македонски идентитет. Членовите на Извршниот одбор едногласно заклучија дека сега, кога има јасно изразена мнозинска волја, пратениците во Собранието на Република Македонија треба да го следат гласот на мнозинството од над 600 илјади граѓани, да преземат одговорност и да се забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ. Доколку тоа не е возможно и ВМРО-ДПМНЕ и натаму ја кочи иднината на граѓаните и ја турка земјава во бездна, тогаш нема друга опција освен предвремени парламентарни избори веднаш, на кои граѓаните ќе одлучат за иднината, заклучил ИО на СДСМ.

Членовите на Извршниот одбор оцениле дека треба да се искористат сите демократски можности, да им се овозможи на пратениците да го следат гласот на граѓаните и да обезбедат членство на Македонија во НАТО и ЕУ.

– Никој не треба да се надева на амнестија. Станува збор за многу важно прашање, за иднината на земјата, за иднината на граѓаните и фокусот на сите парламентарни партии треба да биде на ова прашање. Се друго е поигрување со иднината и обид за враќање на земјата во изолација и небиднина, се потенцира во соопштението.

На седницата било заклучено дека референдумот во неделата поминал во мирна, фер и демократска атмосфера.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет највисоки нето-плати во март

Редакција

Јавноста не треба да се доведува во заблуда со објава на неточни „предвидувања“, шпекулации и невистини, велат од Државна лотарија

Редакција

„Мист енерџи“ го доби тендерот на Собранието за набавка на струја вреден 498.000 евра

Редакција