еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Извршена промена на сопственоста на Охридска банка АД Скопје

По утврдување на успешноста на понудата за преземање на акции издадени од Охридска банка АД Скопје од страна на Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ, денеска беше извршена и промена на сопственоста на Охридска банка АД Скопје, информираат од банката.

„Имено, Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ ( Steiermärkische Bank und Sparkassen AG) друштво организирано согласно австриското право, со седиште на Sparkassenplatz 4, 8010 Грац, Австрија, се стекна со 472.839 акции и 91,5733% од гласачките права.

Сосиете Женерал Групацијата, друштво организирано според француско право, со седиште на 29 boulevard Haussmann, 75009 Париз, Франција, ги продаде сите 384.844 акции издадени од Охридска банка АД Скопје и со тоа своето учество во акционерскиот капитал во банката го сведе на 0 акции.

Охридска банка АД Скопје останува стабилен чинител во банкарскиот сектор, партнер на македонската економија, поддржувач на бизнисите, банка посветена на сите свои клиенти и вработени и банка ориентирана кон заедницата.

Деталите за преземањето на Охридска банка АД Скопје од страна на Штаермеркише Банка и Шпаркасен АГ, како и идните планови на Банката ќе и бидат официјално презентирани на јавноста на 8 ноември 2019 година“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КХВ даде зелено светло за купувањето на Охридска банка од страна на Шпаркасе банка

Охридска банка за девет месеци со добивка од 385,6 милиони денари

Австријци го „запоседнаа“ Надзорниот одбор на Охридска банка во пресрет на продажбата на Шпаркасе

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Масовни протести во Москва за ослободување на Навални, уапсени над 1.000 лица

Редакција

Температурен шок: Утре и задутре пролетни температури

Редакција

Како живее еден македонски студент и колку пари му се потребни во месецот

Редакција