еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Извршители „во напад“ на фирмите на Цветан Панделески

Извршители почнаа да запленуваат удели во компаниите кои се во целoсна или делумна сопственост на бизнисменот Цветан Панделески, кој е во притвор и чека судски процес за случајот „Империја“ што го покрена Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

НЛБ Банка објави дека има започнато постапка за присилна наплата против должникот Земјоделски комбинат Пелагонија акционерско друштво од Битола, а заради наплата на побарувања.

„Во рамки на наведената постапка од страна на надлежен извршител е издаден налог за заплена на удел, кој должникот Земјоделски комбинат Пелагонија го поседува во Друштвото за производство и трговија Млекара Здравје Радово ДОО увоз-извоз Скопје“.

еМагазин“ вчера пишуваше дека извршител заплени удел во фирмата „ЦИП Продукт“ на Цветан Панделески во вредност од 160,5 милиони денари или околу 2,6 милиони евра,

Централниот Регистар на Република Македонија постапувајќи по пријавата за упис на евидентирање на Налог за запленување на удел во трговско друштво од 19.11.2018 година од извршителот Снежана Андреевска во трговското друштво за вработување на инвалидни лица за производство и трговија „ЦИП Продукт“ ДООЕЛ Скопје донесе решение со кое се одобрува пријавата.

„Со Налог за заплена на удел од извршител Снежана Андреевска од 19.11.2018 година се врши заплена на уделот во големина од 160.533.717,00 денари од главнината на трговското друштво за вработување на инвалидни лица за производство и трговија „ЦИП Продукт“ ДООЕЛ Скопје со седиште на бул.Кочо Рацин бр.97 Скопје – Центар на должникот/трасант-акцептант Цветан Панделески од Охрид заради наплата на побарување.

Со прибележување на налогот за заплена на уделот во Централниот регистар на РМ, доверителот се стекнува со заложно право на уделот. Му се забранува на должникот да располага со запленетиот удел. Заради проверка за извршувањето на овој налог, извршителот, согласно член 151 став 6 од Законот на извршување ќе изврши увид во книгата на удели и во другите акти на друштвото“, пишува во пријавата што ја објави Централниот регистер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во „Империја“ “испрани“ најмалку 10,9 милиони, македонскиот буџет оштетен за 6,2 милиони евра

Случај „Империја“ на СЈО: Замрзнат имотот на Орка холдинг и Ексико

Освен Камчев и Јосифовиќ, во притвор и другите тројца осомничени за „Империја“

„Империја“ е нова истрага на СЈО: Вклучени семејството Камчеви, Мијалков и сопственикот на „Пелистерка“ Панделески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен доаѓа во Македонија на крајот од месецов

Редакција

Охридска банка го одложува Собранието на акционери додека трае вонредната состојба

Редакција

Бензините и дизелот поскапуваат за еден денар

Редакција