еМагазин
Image default
Бизнис

Извршниот директор на Мигрос Групацијата Озѓур Торт, е избран на чело на Consumer Goods Forum

Најголемото здружение во светот во областа на малопродажбата Consumer Goods Forum (Форумот за потрошувачки добра -CGF), кое ги забрзува позитивните промени во областите на дигиталната интеграција на податоци во секторот за проозводи за брза потрошувачка  и малопродажниот сектор, транспарентноста на содржините на производите, рециклирањето на пластичниот отпад, спречувањето на отпадот од храна, свеста за здрав живот, безбедноста на храната, социјалната и еколошката одржливост, својот нов копретседател го избра од Турција.

Управниот одбор на CGF, составен од 27-те водечки трговци во светот и светските претседатели на 26 производни компании, го водат двајца ко-претседавачи од кои едниот го претставува малопродажниот сектор, а другиот производните компании.

Извршниот директор на Мигрос Групацијата (мајка компанија на Рамсторе Македонија), Озѓур Торт, од месец јуни во следните две години ќе ја врши должноста Светски претседател на CGF во областа на малопродажата.

За копретседател на Форумот од областа на производните компании беше избран генералниот директор на Даноне, Емануел Фабер.

Озѓур Торт, кој од 2013 година наваму беше член на Управниот одбор на CGF, кој на глобално ниво остварува промет од 3,5 трилиони евра, во последните две години беше на позицијата заменик претседател за малопродажба на CGF.

Моментално Торт е единствениот Турчин во редовите на Управниот одбор на CGF.

Озѓур Торт:  “Светот се менува и Турција, исто така, ја поттикнува оваа промена”

Извршниот директор на Мигрос Групацијата, Озѓур Торт, изјави дека CGF ги спојува најголемите компании во светот и се осврна на тоа дека глобално се обезбедуваат решенија за одржливост, продуктивност, влијанието на деловните резултати врз животната средина, начините за нивно подобрување и идните предизвици во секторот.

Торт изјави дека CGF е единствена организација во светски рамки и во поглед на целите и додаде: “Гордост е да се биде лидер на иницијативите и активностите на CGF во овој возбудлив период за нашиот сектор.

Верувам дека искуството на глобалните промени и географската експанзија во трговијата на мало ќе создадат значајни позитивни откритија за потрошувачите и светските ресурси во иднина. Значајна улога во ова ќе одигра и Турција.

Потрошувачката во светот продолжува да се зголемува не само со растот на населението, туку и со растечката страст за потрошувачка. Факт е дека ова има различни ефекти врз нашата средина.

Потребно е да се фокусираме на одржлив раст за да одговориме на растечката побарувачка на потрошувачите и да ја исполниме нашата одговорност кон идните генерации. Ова значително влијае и го менува начинот на кој работиме.

Во оваа нова ера на глобалниот малопродажен сектор, соработката со трговците на мало, производителите, владините организации, универзитетите, невладините организации и дигиталните платформи, односно делувањето заедно е клучно за зајакнување на нашиот сектор.

Како CGF, во наредниот период ќе се сконцентрираме на овие заеднички напори кои ќе ја обликуваат иднината на малопродажбата и директно ќе влијаеме врз животот на потрошувачите со резултатите кои ќе бидат очигледни”.

Потенцирајќи дека потрошувачите очекуваат вредносно ориентирана малопродажба, Торт го кажа следното: „Да се биде транспарентен и да обезбеди најточен проток на информации до потрошувачот е фундаменталниот принцип. Во овој контекст, ние како Мигрос стоиме зад глобалните обврски утврдени од страна на Управниот одбор на  на CGF.

Глобалната интеграција на дигитални податоци и транспарентноста на содржината на производите, кои CGF ги води на светско ниво се важни прашања. Покрај тоа, ние придонесуваме и за рециклирање на пластичниот отпад, спречување на отпадот од храна, свесноста за здрав живот, безбедноста на храната, социјалните и еколошки одржливи проекти.

Ние им даде насока на многу апликации кои ги лансиравме во малопродажниот сектор во Турција. Светот се менува и Турција, исто така, ја поттикнува оваа промена“.

Торт кој се осврна на тоа дека CGF во соработка со GS1 се лидери во секторот во Турција, во однос на студијата која има за цел да обезбеди конзистентен и транспарентен проток на податоци помеѓу  трговците, производителите и потрошувачите која беше започната на глобално ниво и додаде:

“Имаме за цел да обезбедиме ефикасност во нашиот сектор благодарение на дигитализацијата, централизација и стандардизацијата на протокот на податоци. Како продолжение на овој проект, ние ќе им помогнеме на нашите клиенти да пристапат до богати, ажурирани и сигурни информации за содржината на илјадници производи во продавниците и да донесуваат информирани одлуки„.

Компаниите членки на CGF имаат промет од 3.5 трилиони евра.

Прометот што го остваруваат компаниите-членки на Форумот за потрошувачки добра, кој во своите редови има 400 трговци, производители и даватели на услуги од 70 земји во светот, надминува 3,5 трилиони евра.

Управниот одбор на CGF, кој има влијание на 90 милиони луѓе со вработување и индиректни можности за работа кои ги создава, се состои од генералните директори на 27 водечки малопродажни компании и 26 компании за производство во светот.

Во делот за производство на Управниот одбор на CGF, претставени се гигантските производители како Danone, Nestlé, Coca Cola, Unilever, PepsiCo, Procter & Gamble, Mondelez, L’Oréal.

Во малопродажниот дел, претставени се гигантските светски трговци како Walmart Walgreens Boots Allliance, Alibaba, Tesco, Marks & Spencer, Sainsbury’s, Target, Ahold Delhaize, Metro, Carrefour, IGA и Aeon.

Од јуни 2019 година Озѓур Торт стана претседател на CGF за малопродажба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За шест месеци 121 нови вработувања во Алкалоид и инвестиции од 524 милиони денари

Редакција

Иуте со нова експозитура во Велес и специјална понуда за кеш кредит

Редакција

Од УЈП велат дека на првиот ден од „Викенд без ДДВ“ прометот од македонски производи се зголемил трипати

Редакција