еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Jавна соба организира работилница за дизајн на мобилна градина наменета за лица со попреченост во развојот

Во рамките на проектот „On the point”, Јавна соба организира работилница за дизајн на мобилна градина наменета за лица со попреченост во развојот која ќе се одржи од 14. до 16. ноември во Центарот за дизајн и иновации.

Ќе учествуваат 20 учесници – архитекти и дизајнери, од кои по пет учесници доаѓаат од Англија, Холандија и Белгија и пет се од Македонија. Тие ќе работат во мешани тимови со цел да се дојде до најдобри решенија, преку размена на знаење, искуства и начин на размислување.

Во проектот „On the point” кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европска Унија се вклучени организациите МАМА од Ротердам, Холандија, Хет Ентрепот од Бриж, Белгија, Фабрика од Брајтон, Велика Британија и Јавна соба од Скопје.

“Преку овој проект целиме кон отворање на патот до поинклузивна, социјално и културно поразновидна културна понуда. Во двегодишна програма регрутиравме и патуваме со меѓународна мрежа на млади креативци. Во секој од нашите четири града (Бриж, Ротердам, Брајтон и Скопје), креативците уметнички работат на предизвици формулирани од секој град –домаќин“, велат од Јавна соба.

Во рамки на проектот, во изминатиов период во Ротердам и Брајтон се обезбедија нови видови на креативно учење за локалните жители кои не учествуваат во уметност, преку две привремени креативни дела специфични за локалитетот, во две поставки на заедницата.

„Во Бриж се постави простор за соработка специјално наменет за млади креативци за кои во моментот не се грижи културната понуда на градот Бриж. Во Скопје пак преку оваа работилница ќе создаде градина која ќе обезбеди нови видови креативен ангажман за социјално маргинализираните лица“, додаваат од Јавна соба.

Секоје дело во секој град е ко-продуцирано со локалните жители и е со задача да ги премости географските и социјалните бариери со кои се соочуваат заедниците и маргинализирани лица преку креативна уметничка ангажираност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ го доби првиот рејтинг за Управување со животна средина и социјални аспекти (ESG)

Редакција

(ВИДЕО) Во светот на Биби се негува македонскиот јазик

Редакција

Росица Мршиќ специјален интернационален гостин на фестивал за мода

Редакција