еМагазин
Image default
Македонија

Кај едно семејство од 10 позитивни на корона вирусот, само еден е со симптоми

Министерот за здравство Венко Филипче денеска нагласи дека 90 проценти од новодијагностицираните пациенти се асимптоматски носители на коронавирусот, а останатите десет отсто имаат сосем лесна симптоматологија.

Тој, на денешната прес-конференција, како пример посочи дека кај членови на едно семејство од десетина тестирани само еден има позитивен тест со сосем лесни симптоми, додека останатите девет се асимптоматски носители.

„Што ни покажаа првичните резултати кога повторно почнаа да доаѓаат случаи во рамките на семејствата околу оние семејни настани околу 24/25 мај и неколку денови претходно дека има еден одреден процент асипмотиматски носители.

И заради тоа интензивно ги истестиравме сите примарни контакти на претходно дијагностицираните, околу 15 семејства се тоа во Скопје, огромен дел од новодијагностицираните се тука. Но, 90 посто се асимптоматски, другите имаат сосем лесна симпотамтологија“, вели Филипче.

Тој соопшти дека прво морале да го проценат капацитетот на болеста да прерасне во тешка, што, како што вели, не се случува изминативе две недели.

„Значи има податок дека вируленцијата опаѓа, но во исто време знаеме дека не е здравствениот систем во ризик. Затоа се зголемија тестирањата, затоа се тестираа и примарните контакти во семејствата кои немаат апсолутно никакви симптоми. И сега имаме јасна слика“, додаде Филипче.

Тој соопшти дека нема ниту еден пациент на респираторна машина.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заболени со корона вирусот и 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Втор бран на корона вирусот: Петнаесетина семејства сочинуваат 90 проценти од новозаболените

Нови двајца починати од корона вирусот, вкупно 149

Официјално: Рекордни 180 новозаболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 109

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема сериозни промени во медиумската сфера, но има зголемување на трендот на напади, покажува извештајот на ЗНМ

Редакција

Позитивни на Ковид-19 се тројца лекари и медицинска сестра од Клиниката за инфективни болести

Редакција

Заев: Да му се јавам на Ел Чека и да го прашам зошто не објавува “бомби“ за мене

Редакција