еМагазин
Image default
Локално

Кај велешанец откриени стари монети и садови

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Единица за сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Т.А.(52) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265 и „прикривање“ по член 261 став 3 од Кривичниот законик, информира МВР.

На 31.01.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 13 монети во различна форма и големина, еден дел од метален предмет и два  керамички садови во форма на луле, предмети што подлежат на Законот за заштита на културното наследство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маж од Неготино нападнат од тројца мигранти, му одзеле пари

Редакција

Со остар предмет го нападнал во казино

Редакција

Тело на маж извлечено од водите на Вардар кај Чегране

Редакција