еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кабелските оператори го прекинаа реемитувањето на сите телевизиски програми, освен на МРТ

Како што и најавија кабелските оператори денеска од 18.10 до 19.10 часот го прекинаа реемитувањето на сите телевизиски програми, освен јавниот сервис МРТ.

Пред неколку дена тие образложија дека ваквиот чекор се должи на измената на законската и подзаконската регулатива во Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, со која на операторите им се наметнуваат неуставни и ретроактивни обврски за пререгистрација на сите странски канали.

„На овој начин сакаме да го подигнеме нивото на свесност за сериозноста на ова прашање кај пошироката јавност и кај нашите корисници.

И покрај сите напори, реакции и отвореност за соработка, во интерес на корисниците, ситуацијата со реемитување на телевизиски канали нема решение, туку сѐ повеќе се комплицира.

Одлуката за времени прекини ја поддржуваат операторите кои се дел од Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија, кои се одлучни и сложни да пристапат кон исклучуваење во знак на протест

Причината за ваквиот чекор е усвојувањето на неуставните измени и дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни услуги по скратена и нетранспарентна постапка, без претходна консултација и расправа.

Поради тоа, oператорите поднесоа иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на измените на Законот, за што се уште очекуваме разрешница.

Со овој Закон, на сите оператори им се наметнува обврска да гарантираат за авторските права на програмите кои не ги креираат, туку само ги реемитуваат и за тоа да сносат кривична и материјална одговорност.

Ова значи дека не постои можност каналите да се регистрираат, а со тоа и да се реемитуваат, но никако не значи заштита на авторските права под кој превез беа донесени неуставите измени на Законот, бидејќи начинот на реемитувањето на програмите и заштитата на авторските права и до сега беа уредени со закон и во согласност со ЕУ стандардите.

Дополнително, на 29.05.2020, во време на вонредна состојба, донесена е Уредба со која законот е надополнет со уште една обврска на штета на операторите и корисниците која го доведува во прашање натамошното реемитување на телевизиски содржини преку нашата јавна електронска комуникациска мрежа.

Оваа Уредба им наметнува обврска на операторите за пререгистрација на веќе регистрирните странски канали во рок од 60 дена.

По истекот на овој период, односно на 8.08.2020, операторите ќе треба да ги исклучат поголемиот дел од странските канали кои ги реемитуваат, поради регулативата која од една страна бара нивна пререгистрација под нови услови без оправдани причини, а од друга – бара изјави со кои под морална и кривична одговорност операторите би одговарале за нешто за што немаат законска должност ниту пак моќ да го контролираат.

Со оглед на сериозноста на ситуацијата, сметаме дека треба да бидеме транспарентни кон корисниците и јавноста и да алармираме за потенцијалната можност за целосно згаснување
на платформите за реемитување на програмските содржини по 8.08.2020 година.

Како и досега, отворени сме за соработка и понудивме предлог за измена на подзаконските акти, кој доколку се прифати ќе биде заедничко решение што ќе го отвори патот кон превенција на потенцијалниот медиумски и информативен мрак“, информираа тие.

Најавија и дека ќе преземат сè што е во нивна моќ да се најде решение, со што би се избегнале натамошните штети и би се заштитиле корисниците и целата јавност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски телеком: Македонските оператори принудени да прават прекини на телевизиските програми

Македонските оператори принудени на прекин на телевизиските програми

Од недела сите кабелски оператори со времени прекини на ТВ програмата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девизните резерви во септември зголемени во однос на август

Редакција

Ковачевски се сретна со бугарскиот премиер Донев, разговарале за изградбата на пругата кон Бугарија и енергетската криза

Редакција

Загрозена безбедноста: Украдени кабли за регулирање на железничкиот сообраќај и сигнализација

Редакција