еМагазин
Image default
Македонија

Кабинет на Пендаровски: Муслиу е врвен професионалец, а неговото именување е позитивно оценето од партнерските служби

Претседателот Стево Пендаровски ја донесе одлуката за именување на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање, бидејќи анализите покажале дека тој е врвен професионалец, а неговото именување е позитивно оценето од партнерските служби, велат за МИА од кабинетот на шефот на државата по искажаните забелешки од ДУИ за неговото назначување.

– Претседателот Стево Пендаровски веднаш по стапувањето на функцијата темелно разгледа повеќе предлози како можни решенија за позицијата директор на Агенцијата за разузнавање.

По споредбените анализи на професионалните капацитети на сите кандидати, името на Еролд Муслиу се издвои како решение за извршување на оваа одговорна функција.

Станува збор за врвен професионалец кој својата кариера ја градел во земјава и имал беспрекорна соработка со службите од сите сојузнички држави.

За именувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање беа известени и партнерските служби од земјите членки на НАТО.

Именувањето на Муслиу е позитивно оценето од службите на сојузничките земји, посочуваат од кабинетот на претседателот Пендаровски.

МИА/Фото: Фејсбук/Пендаровски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот директор на Агенцијата за разузнавање, Муслиу: Назначен сум од Пендаровски зад кого застана и ДУИ

Кој е Еролд Муслиу – првиот разузнавач што не и по ќеф на ДУИ?

Во ДУИ вознемирени од назначувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стевче Јакимовски размислува да се кандидира за претседател, граѓаните го поддржувале

Редакција

Убава вест: 359 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Аудио) „Рекет“ со нови „бомби“ со Мицкоски и Кичеец

Редакција