еМагазин
Image default
Македонија

Кацарска вели дека кај неа нема нарачани пресуди

Судијката Добрила Кацарска, која ја изрече пресудата од 211 години затвор за обвинетите во случајот „27 април“, а позната и по првата пресуда против екс премиерот Никола Груевски за случајот „Тенк“ и за случајот „Триста“ во емисијата „Правда и неправда“ на Гордана Дувњак на телевизијата 1ТВ, вели дека нема никаков сомнеж во изречените казни за „27 април“, затоа што се раководела исклучиво од доказите во предметот, исто како и за ослободителната пресуда за оперскиот пејач Игор Дурловски.

-Немав дилема и сѐ уште немам. Од сите изведени докази, а јавноста знае дека се изведоа многу докази, произлезе дека обвинетите го сториле токму тоа кривично дело, рече Кацарска.

Според неа, со Законот за амнестија се покажало дека правдата е селективна и не е задоволена.

-Тој закон е преуранет, според мене. Се донесе во фаза кога ја завршивме доказната постапка можеби требаше да се причека да се донесе пресуда, па потоа да бидат некои од нив амнестирани, но сепак тоа е закон кој го донесе Собранието и јас како судија сум должна да го почитувам, истакна Кацарска во интервјуто за 1ТВ.

Верува дека претседателот Иванов, во оваа фаза пред изборите, нема право да прогласи амнестија, но како граѓанин на државава и како судија, се надева дека нема да го направи тоа.

На обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за „Кацарска судство“, одговори дека кај неа ниеден премиер никогаш не се осмелил да нарачува пресуди.

-На Мицкоски ќе му порачам, нека спие мирно, кај мене нарачани пресуди нема, ниту имало, ниту ќе има, рече Кацарска.

За случајот „Тенк“ и пресудите против Груевски и Јанкуловска, аргументира дека казните не само што казните се високи, туку и не мора да постои штета за да бидат исполнети условите за да се каже дека делото е направено.

За случајот „Империја“ против бизнисменот Орце Камчев, Кацарска вели дека семејството Камчеви и семејството Кацарски се семејни пријатели, но никогаш не реагирала кај ниеден судија и дека доколку ѝ биде предаден случајот, ќе побара иземање.

-Немојте ни да се сомневате. Кога јавно кажувам дека тие луѓе ми се мене како фамилија секако дека нема да го прекршам законот и доколку дојде кај мене таков предмет секако дека ќе барам иземање ако има таков предмет, рече Кацарска во интервјуто за 1ТВ.

Фото: 1ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила судиката Добрила Кацарска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Циркус“ на јавната расправа за законот за ЈО, ЕУ бара да донесе пред распуштањето на Собранието

Редакција

Нереално е во Бугарија да живеат само 1.143 Македонци, немаа слобода да се изјаснуваат, вели претседателот на ОМО Илинден, Стојков

Редакција

Отворено писмо од македонски и бугарски научници до Заев, Борисов, Захариева, Османи и Димитров

Редакција