еМагазин
Image default
Македонија

Кадровски промени во ВМРО-ДПМНЕ: Кои се новите претседатели на партиските комисии

На вчерашната редовна седница на Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ биле донесени неколку кадровски решенија.

По одлука на ИК, а по предлог на комисиите за селекција на претседатели и кандидати избрани се членови и претседатели на повеќе комисии.

„За претседател на комисија за надворешни работи е избрана доц. д-р. Христина Рунчева Тасев, доцент на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, доктор на правни науки, насока Уставно право. Рунчева Тасев има објавено 30-тина трудови во домашни и странски списанија од областа на правото и политичкиот систем. Рунчева Тасев говори англиски и германски јазик.

За претседател на комисијата за здравство е избран доц. д-р. Синиша Стојаноски, доцент на Медицински факултет – Скопје, насока патофизиологија и нуклеарна медицина. Стојаноски во минатото бил и претседател на здравствена комисија на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, како и претседател на комитетот.

За претседател на комисијата за култура е избран Зоран Љутков, вработен во Драмски театар – Скопје. Љутков глуми во повеќе театарски претстави, а учествува и во телевизискиот серијал „Петко“. Љутков е и Селектор за драмската програма на Меѓународниот Фестивал „Охридско лето“.

За претседател на комисијата за локална самоуправа е избран Марјан Ристески, дипломиран економист, поранешен градоначалник на општина Прилеп во период од 2005 година до 2017 година. Ристески е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1993 година, бил претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, член на ЦК и ИК на ВМРО-ДПМНЕ во минатото.

За претседател на комисијата за спорт е избран доц. д-р. Влатко Неделковски, доцент на Факултетот за физичко образование спорт и здравје. Неделковски бил тренер на многу ракометни клубови во Скопје, предавач на центар за едукација на ракометни тренери на РФМ, како и спортски директор во Академија Пандев Струмица 2017/2018.

Покрај претседателите, се избрани и членови на истоимените комисии“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како ќе се реформира безбедносно-разузнавачкиот систем

Редакција

Заев на Мечкин камен, Пендаровски на Водно, Џафери во Пелинце за Илинден

Редакција

Се зголемува бројот на згрижени болни и позитивни на Ковид-19 во Општата болница во Кочани

Редакција