еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Како да ја препознаеме депресијата кај себе и кај најблиските

Психологот и психотерапевт Ивана Хаџиванова на фејсбук-страницата Гешталт психотерапија – Gestalt Psychoterapy, сподели главни симптоми на депресија.

Како што вели, важно е да го знаеме и да може навреме да ги препознаеме кај себе и кај другите.

Според Хаџиванова, навременото препознавање и третман се важни за добра прогноза.

Кои се главните симптоми:

– чувство на тага и депресивно/ниско расположение

– губење на интересите и задоволството во активностите што некогаш се уживало

– пад на вољата

– промени во апетитот – губење на тежината која не е поврзана со диета, или зголемување на тежината

– растројство на сонот и спиењето од инсомниа-несоница, често будење во текот на ноќта или рано будење пред типичното време за станување, до хиперсомнија односно зголемена потреба за сон

– пад на либидото/сексуалната енергија и желба

– губење на енергија и зголемен психофизички замор

– забавени движења и говор

– немир и раздразливост

– постојани физички симптоми (главоболки, дигестивни нарушувања и хронична болка)

– чувство на безвредност, беспомошност, вина

– песимистичност

– тешкотии во размислувањето, пад на концентрација и внимание и тешкотија во донесување одлуки

– намалена животна и работна ефикасност

– мисли за бесмисленост на животот, себеповредување, смрт и самоубиство….

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пациенти со цистична фиброза почнуваат да го примат лекот Трикафта

Редакција

(Фото) Шекеринска и амбасадорите планинареа на Бистра во чест на Денот на независноста

Редакција

Трогателни приказни за оштетените од Еуростандард банка: Бараат државата да им ги врати парите

Редакција