еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Како да ја препознаете дислексијата?

Време е да се запознаеме и да ја подигнеме јавната свест за дислексијата. Здружението за дислексија „Ајнштајн“ и Капитол мол го резервираат октомври токму за оваа цел.

Многу често, некои од нас и без да знаеме, сме имале контакт со некое лице или мало дете кое се соочува со овој предизвик само. Во тој момент не е тешко да помислиме и претпоставиме дека таквото дете има ниско ниво на интелегенција. Мораме да ги прошириме нашите хоризонти и да не дозволиме да наметнуваме мислења и идеи без да се запознаеме со луѓето со кои комуницираме.

Дислексијата во групата словенски јазици достигнува од 10% до 15%. Светските статистики покажуваат дека 80% од учениците со слаб успех имаат дислексија. И сите овие луѓе без размислување може да ги осудиме со нашите ставови само поради тоа што не ги знаеме нив и тоа со кое се соочуваат.

Дислексијата не значи дека некој не сака да чита и учи, или дека не разбира. Дислексијата е потешкотија во читањето, пишувањето и разбирање на прочитаното и напишаното.

Овие деца, овие луѓе, едноставно ги гледаат буквите испревртени, или текстот како се поместува, некогаш и самите зборови изгледаат како да се напишани од назад кон напред. Клучно за нивниот развој е поддршката, но и начинот на кој може да препознаете лице со дислексија. Ова е многу важно да се детектира кај децата додека се во училиште.

Тие многу често имаат ефективни орални презентации, добри концептуални способности, способности за решавање на проблемите, живописна имагинација, креативно размислување, аналитичко размислување, способност да се види „поголема слика“ и силно развиена интуиција.

Сепак, самиот начин на кој е создаден образовниот систем, овие предности не се достатно мерило за нивниот севкупен успех. Затоа, само поради неколку работи, за кои самите не се виновни, тие се оценети ниско, не само во школскиот дневник, туку и од нивните врсници, семејство, и системот.

Некои од начините да препознаете дете со дислексија се кога се појавуваат:

-Тешкотии со дешифрирање на пишани зборови;

-Бавно читање кое нема флуентност;

-Губење на местото при читање или користи прст/маркер за да го одржи местото;

-Тешкотии со разбирање на прочитаното;

-Неопределена доминација на рацете;

-Неправилно држење на моливот;

-Неправилно држење на телото и положбата на хартијата;

-Тешко памети редослед на броеви;

-Тешко го поврзува значењето на бројот со симболот за број;

-Мешање на слични букви по звучност во говорот.

Ова се само неколку работи, а време е сите да се научиме на повеќето работи. Затоа најдобро е да го симнете Прирачникот за идентификација и поддршка на учениците со дислексија од следниов линк.

„Ајнштајн“ е Здружение на граѓани чија цел е подигнување на јавната свест за дислексијата кај образовните институции, родителите, релевантните институции како и кај пошироката јавност. Тие ги остваруваат своите цели преку информирање, едукација, дискусија, соработка и поддршка за сите оние кои се засегнати од оваа проблематика и пошироко.

Нивната визија е дека е потребно создавање на општество кое ќе има капацитет да ги исполни сите барања и потреби на лицата со дислексија. Затоа со своите активности, како објавата на прирачникот и разни истражувања, ги информираат сите засегнати возрасни за дислексијата.

Во соработка со Капитол мол здружението „Ајнштајн“ започна кампања за подигнување на свеста за дислексијата. Тие ќе ги искористат своите ресурси да ги запознаат луѓето со начините како да ја препознаат дислексијата и да ги научат предностите од истата. На сите можни начини, преку работилници или информативни материјали на социјалните и класични медиуми, тие ќе објавуваа и зборуваат за дислексијата.

Сепак, здружението Ајншајн отвори уште една приказна каде во соработка со Капитол мол преку ликовен конкурс во училиштата во општина Аеродром ќе ги научи малите дека „Дислексијата е дарба“. Воедно, ќе ги отвори и интересите на нивните наставници за разбирање на дислексијата. За повеќе информации може да се посетат: www.facebook.com/capitolmall/и www.facebook.com/zdruzenie.ajnshtajn.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Невообичаени гости денеска во кабинетот на вицепремиерот Артан Груби

Редакција

Годинава се откриени 46 лица позитивни на ХИВ, неделава ќе има бесплатни тестирања

Редакција

Почнува летното сметање на времето, поместување на часовникот за еден час напред

Редакција