еМагазин
Image default
ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Како да ги поставите вашите финансиски цели?

Финансиските цели ќе ви помогнат да одредите од каде и по која основа ќе остварите приливи на пари и за кои намени ќе ги трошите.

При поставување на целите, обрнете внимание на тоа што ви е важно во животот. Без да знаете што е важно за вас и за вашите најблиски, ќе биде тешко да ги поставите финансиските цели. Кога ќе ги определите вашите приоритети, ќе ви биде полесно да ги поставите и да ги остварите финансиските цели.

Запишете ги вашите финансиски цели! Не е доволно само да ги замислите. Со запишувањето ќе се зголемат шансите за остварување на финансиските цели. Бидете колку што е можно попрецизни!

Што е поентата на запишувањето: „Мојата цел е да имам многу пари во банка“. Што претставува „многу пари“ за вас? Дали се тоа 500 денари, 5.000 денари или 50.000 денари? Бидете прецизни и напишете ги вашите цели во смисла на тоа дека може да бидат мерливи.

Поделете ги на
краткорочни, среднорочни и долгорочни цели.

Пример:
Доколку ви требаат 10.500 денари месечно за да ги платите вашите трошоци за живот, вклучувајќи фиксни плаќања како кредит или кирија и премија за осигурување, како и сметки за електрична енергија и вода, треба да имате најмалку 63.000 денари во вашиот фонд за итни случаи (односно 10.500 денари x 6 месеци).

А ако е можно, во фондот заштедете двојно повеќе, односно штедете го истиот износ подолго време (10.500 денари x 12 месеци = 126.000 денари).

Во почетокот, кога ќе се вработите, може да ви биде тешко да оставате толку пари на страна, но работете на тоа поле со текот на времето.

Секоја мала сума ќе помогне да се изгради вашиот фонд за итни случаи. Запомнете дека мора да направите свесен напор да заштедите и да ги сочувате издвоените средства само за вонредни ситуации.

Извор: НБРМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто е потребно да ги планирате финансиите и како да го правите тоа

Колку е важно да се започне со штедење пари веднаш?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народната банка ги едуцира граѓаните како да се заштитат од измами преку сомнителни пораки

Редакција

Граѓаните бесплатно и дигитално може да добијат извештај за кредитна изложеност

Редакција

Загрижува нивото на финансиска писменост на граѓаните

Редакција