еМагазин
Image default
ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ

Како да го планирате семејниот буџет

Во финансиското планирање, важно е да се изготви буџет. Вистина е, живеењето според планираниот буџет бара многу дисциплина, но ви помага:

„ Да живеете во рамки на вашите месечни приходи

„ Да заштедите пари

„ Да ги постигнете вашите финансиски цели

„ Да се подготвите за непредвидени ситуации

„ Да стекнете добри навики за управување со вашите финансии преку редовни проверки на вашата нето-состојба.

Најдобро е да го изготвите вашиот буџет на почетокот на месецот или на денот кога ќе ја примите вашата месечна плата.

Кога го изготвувате вашиот личен буџет:

„ Пресметајте ги вашите приходи за буџетскиот период. Ова ги вклучува: вашата плата, надоместоци и други извори на дополнителни приходи.

„ Заштедете најмалку 10% од вашите приходи.

„ Оставете одредена сума на пари и за вашиот фонд за итни случаи.

„ Пресметајте ги фиксните трошоци за буџетскиот период што вообичаено мора да се платат или да се потрошат на месечна основа. Ова вклучува: кирија за куќа и стан, плаќање рати на кредити, премии за осигурување и друго.

„ Пресметајте ги варијабилните трошоци за буџетскиот период.Ова вклучува: гориво, прехранбени производи, сметки за режиски трошоци (сметки за електрична енергија, вода,
телефон, парно, домување).

„ Проценете ги останатите трошоци коишто можете да одлучите дали да ги направите или не. Тие вклучуваат: подароци, хоби, забава и годишен одмор.

„ Имајте ги предвид вашите финансиски цели. Споредете го вашиот буџет со вашите финансиски цели да видите дали ги остварувате или не.

На пример, доколку сте се одлучиле да дадете учество за да купите нов автомобил на кредит, правете проверка секој месец за да се осигурате дека чувате доволнo пари за да ја остварите
оваа финансиска цел.

Суфицит* или дефицит** на готовина минус е еднакво на

* суфицит = вишок
** дефицит = кусок

За да направите успешен буџет, потребно е:

„ Да бидете дисциплинирани и систематични. За да се подготви еден добар буџет, потребно е време и напор. Не откажувајте се и покрај тоа што има многу работа!

„ Да бидете реални во пресметките. Доколку имате скромни приходи, не очекувајте дека ќе заштедите многу пари за краток период.

„ Да бидете подготвени. Може да има дополнителни неочекувани трошоци, а може да има и промени во цените на пазарот.

„ Да бидете флексибилни. Заштедете пари за забава. Можеби ќе сакате да излезете навечер со пријателите, да одите на фитнес, кино, театар, концерт и друго.

„ Да го ревидирате вашиот буџет кога е потребно.

Следење на готовината

Изготвувањето на вашиот личен буџет не е крај на процесот. Потребно е да ги следите приливите и одливите на готовина во текот на одреден период.

Запомнете: буџетирањето ќе биде успешно само ако постојано го следите неговото остварување!

Извор: НБРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што треба да знаете за дебитните и кредитните картички?

Редакција

Дали е легално вложувањето во криптовалутите во странство и каков третман имаат овие трансакции во платниот промет со странство?

Редакција

(Видео) Кои се заштитни карактеристики на македонските банкноти

Редакција