еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Како да препознаете ГМО храна во продавниците и на пазарите?

Генетски модифицирано семе за ориз и ГМО шницли и трошки од соја завршија на македонскиот пазар и покрај тоа што според Законот за безбедност на храна, во Македонија е забранет увоз, производство и промет на храна и производи од храна која содржи ГМО (генетски модифицирани организми) или е составена од ГМО.

За увозниците и за операторот со храна кој извршил промет на ваквите производи во Република Македонија, согласно овој закон ќе им бидат изречени парични казни во висина до пет илјади евра во денарска противвредност, а казна ќе добијат и одговорните лица во овие компании.

Како да препознаете ГМО храна?

Нема некоја волшебна формула како да препознете ГМО храна во продавница или на пазар, па затоа треба добро да се информирате.

Сепак тоа што е видливо со голо око е дека ГМО храната е поубава, округла, посјајна, со изедначена големина, сјајна боја без модрици и оштетувања, без лузни и знаци на расипување.

Сите знаеме дека природното овошје и зеленчук не изгледаат така идеално.

Во неколку земји низ светот се одгледува ГМО пченка, која се користи за исхрана на домашни животни. Затоа треба да се внимава и при купвање на месо.

Месото од такви животни, во принцип, би требало да изгледа исто како и кај нормалните, но сепак обратете внимание на изгледот на црниот дроб и бубрезите.

Ако ви делуваат болно, подобро да се откажете од купување, бидејќи тие животни можеби се хранети со ГМО сточна храна.

Информирајте се на интернет за земјите кои одгледуваат ГМО. Доколку нешто е со потекло од земјата која вовела ГМО, производот има шанси да е ГМО.

Најголеми производители на ГМО производи се САД, Аргентина, Бразил, Кина и Индија која произведува ГМО памук.

Во допир со таков памук може да се дојде купувајќи кинеска роба, постелнина, ткаенини, играчки, па и облека од прочуените марки чии производи се изработуваат токму во Кина.

И да, 92% од сојата која се произведува низ светот е ГМО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: „Ќе се дозволи уште еден неконтролиран есенски бран на Ковид-19, последниот јуриш на епидемијата“

Редакција

Викендов дожд и пад на температурите

Редакција

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам – празник за духовно и за телесно прочистување

Редакција