еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Како да се однесуваме кон кожата за време на летниот период?

Покрај неопходната фотопротекција која треба секој пациент да ја обезбеди за својата кожа со користење на креми со заштитен фактор, потребно е да одржува постојано ниво на влажност, како кожата не би се пресушила, а со тоа не би ги изгубила своите основни заштитни функциии и не би дошло до забрзано фотостареење.

д-р Анџелка Илиева

Длабинската хидратација на кожата е несомнено најдобриот третман за време на летниот период за сите типови на кожа, како би можела нејзината најважна –заштитна функција да биде на високо ниво со цел да одговори на зголемените потреби при континуираната изложеност на сонце, вода  и високи температури.

Поради особеноста на површинскиот – епидермален слој на кожата и неможност многу креми и локални препарати да достигнат до длабоките слоеви на кожата каде всушност се најмногу потребни, најдобар начин да обезбедиме длабинска хидратација на кожата е со помош на мезотерапија.

Мезотерапијата е современа нехируршка метода на убризгување на активни состојки во средниот слој на кожата (мезодерм) која се изведува со неколку  иглени техники , на различна длабочина, зависно од  регијата во која се аплицира. Затоа е неопходно истата да се прави од дерматолог, доктор сертифициран и едуциран за оваа техника.

Супстанците кои се внесуваат за оваа цел се специјално произведени мезококтели (медицински помагала клас III, одобрени за интрадермална апликација) и најчесто содржат витамини, колаген, хијалуронска киселина, аминокиселини како и состојки за подобрување на циркулацијата.

Со помош на мезотерапија и комбинација од коктели зависно од дијагнозата и потребите на кожата, покрај основната хидратација, колаген индукција, биоревитализација, обновување и подмладување, исто така се решаваат и бројни дерматолошки состојби како акни, розацеа, стрии, пигментации, лузни, целулит, алопеција и други типови на проблеми со кожата , косата и скалпот.

Д-р Анџелка Илиева, дерматовенеролог во Клиника „Жан Митрев“

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Храна ќе има доволно: Корона вирусот “удри„ и на мелничко-пекарската индустрија

Редакција

Почна украсувањето во Скопје, ќе има новогодишна програма и дополнителни содржини за граѓаните, уверува градоначалничката

Редакција

Техничка пауза во преговорите меѓу Русија и Украина, ќе продолжат утре

Редакција