еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Како дома да подготвиме свежо мелено кафе во кое максимално ќе уживаме?

Пиењето кафе, особено првото утринско е посебно искуство, и најчесто момент кој сакаме да си го посветиме себеси. Секој човек што пие свежо мелено кафе, си има свој начин на подготовка и ако тој му одговара не треба да го менува, бидејќи тоа е неговиот момент.

Во прилог неколку совети за да кафето биде поубаво, а задоволството поголемо: важно е водата да биде што потешка, да се користи емајлирано џезве, бидејќи во него водата побрзо се загрева, а што спречува водата да омекне.

Исто така, подобро е да користат помали џезвиња, доволни за едно или две кафиња. Водата треба да се загрее, но не и да преврие, бидејќи така ќе се расипе вкусот на кафето. Потоа џезвето се трга од шпорет, и во него се додава потребната количина свежо мелено кафе-една лажичка или две по шоља, во зависност од личниот вкус.

Кафето потоа добро се меша, се враќа на плотната, и кога ќе се подигне, подготовката е готова. Ако пиеме кафе со шеќер, тоа се додава во ладна вода.

Кафето се сервира на местото каде што ќе се пие, а по сипањето во шоља потребно е малку време да се “смири”, за да дојде до израз аромата.

Ритуалот на пиење кафе, освен што ни дава енергија за почеток на денот, зборува многу и за нас и за културата на земјата од која сме. Традиционалното домашно кафе е културното наследство на сите луѓе на овие простори кои уживаат во кафето.

Во Македонија, кафето во никој случај не може да се подготви и испие на брзина.

Прво, тоа е ритуал кој започнува со самиот чин на подготовка на кафето, чекајќи водата да зоврие.

Исто така, кафето кај нас се пие во кое било време, и претставува чин на гостопримство кога некој ќе дојде на гости, прво да му се понуди кафе. Во суштина ние сме навистина дружељубиви луѓе, а кафето кое се пие брзо, во неколку потези, не остава простор за се она што е поврзано со пиењето кафе, а тоа е разговорот и заедничките моменти.

Извор: Nedeljnik.rs

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пријавени 8 случаи на сифилис во нашата земја

Редакција

Поради топлото време дневно по десетина колапси во Скопје и стотина интервенции на Итна медицинска помош

Редакција

(ВИДЕО) Вицепремиерот Артан Груби пред Рамазан Бајрам со црево чистеше џамија во Скопје

Редакција