еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Како е правилно: „северномакедонски или македонски„: МНР објави прирачник за медиуми за употреба на новото име

Министерството за надворешни работи на својата веб страница објави прирачник за медиумите со конкретни примери за употреба на новото име на државата, Република Северна Македонија, согласно Договорот од Преспа.

Официјалното име е Република Северна Македонија, скратено Северна Македонија, стои во прирачникот.

Националноста (државјанството) е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, официјалниот јазик е македонски јазик, кодовите се МК и МКД, а придавката македонски се употребува во однос на етничкиот и културниот идентитет, јазикот, историјата, културата, наследството, територијата и останатите атрибути.

Овие термини во тој контекст се сосема различни во однос на оние кои се користат за означување на регионот Македонија во Грција“, пишува во прирачникот.

Во него се наведуваат и примери за точна и неточна примена на придавката.

Правилно: македонски етнички идентитет, македонски јазик, македонска култура, македонска територија, македонски граѓани, македонска историја, македонски планини, македонска литература, македонско кирилско писмо, македонска храна, македонски цркви…

Неточно: придавки како „северно македонски“, „с. македонски“ и „северномакедонски“.

Во прирачникот има и појаснување и за употребата на придавката во однос на државата, нејзините органи, јавни и приватни институции и се што е поврзано со државата, основано согласно закон и финансирано од државата за активности во странство. Придавката тука треба да гласи „од Република Северна Македонија“ или од „Северна Македонија“.

Правилно: Влада на Република Северна Македонија, претседател на Северна Македонија, министер за надворешни работи на Република Северна Македонија, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ на Северна Македонија.

Неточно: „северно македонски“, „македонски“, „с. македонски“ и „северномакедонски“.

Во однос на активностите, придавката може исто така да гласи „македонски“.

Правилно: македонска економија, здравствениот сектор на Република Северна Македонија, македонска уметност, македонска музика, македонско земјоделство, македонска артихтектура, прехранбена индустрија на Северна Македонија.

Неточно: „северно македонски“, „с. Македонски“ и „северномакедонски“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските граѓани во Грција влегуваат само со пасош со печат дека му припаѓа на Северна Македонија

(Фото) Обединети Нации го заменија ПЈРМ со Северна Македонија

САД почнуваат да го користат новото име Република Северна Македонија

Германската „Веридос“ ќе ги печати новите пасоши на граѓаните на Северна Македонија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст од 23,8% на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување на годишно ниво

Редакција

26-годишно момче е еден од новите два случаи со Ковид-19 во Кавадарци

Редакција

Авиосообраќајот денеска ќе се одвива нормално, одложен штрајкот на контролорите на летање

Редакција