еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Како граѓани, нема да помогнеме во борбата против корона вирусот со бегање од болница и давање на лажни информации на граница

Откако на 26 февруари беше објавено дека во Македонија го имаме првиот случај на корона вирус, како граѓани до сега направивме барем две грешки во борбата против негово сузбивање.

Првата грешка е, жената која влегла во државата со симптоми на вирусот дала лажни информации на граничарите, кога ја испрашувале според епидемиолошки прашалник кој содржи прашања утврдени според протокол, кои би помогнале на надлежните институции, полесно да откријат степен на ризичност од зараза на лицето со корона вирус.

Како што изјави министерот Венко Филипче, доколку жената точно одговорила на прашањата, епидемиолозите и стручните служби, веднаш би дошле на граница, наместо таа да се упатува кон болница. Таа можеби не одговорила точно на прашањата, но совеста веројатно проработела по пат па се упатила директно во болница.

Втората грешка е бегството на двајцата ризични пациенти од Инфективната болница од Штип. Се спасија од корона вирус, бидејќи тестовите се покажаа негативни, ќе загинеа од посекотини, бидејќи скршија прозорец и избегаа.

Какви последици ќе имаше нивното бегство, ако беа позитивни на тестот? Кој и како ќе се одговараше за нивниот бесмислен потег, имајќи предвид во колкави размери можеа да ги загрозат луѓето околу нив?

Сериозноста со ситуацијата со корона вирусот налага, свеста и совеста на секој граѓанин поединечно да биде на највисоко ниво во однос на последиците од неговото однесување кога станува збор за спречување за ширење на овој вирус, најпрво заради сопственото, а потоа и здравјето на луѓето околу него.

Оттука, ваквото однесување во овие случаи е недозволиво.

Подеднакво несериозно однесување би било и ако како граѓани не ја почитуваме препораката доколку сме патувале во регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Народна Република Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван, да не доаѓаме на работа, на училиште или на факултет.

И да се чувствуваме совршено здрави во моментов на пристигнувањето во државата, имајќи предвид дека симптомите може да се развијат подоцна, должни сме да ја информираме институцијата каде што работиме или учиме, и да се јавиме на телефоните за контакт во центрите за јавно здравје.

Доколку пристигнуваме од подрачја во кои е прогласена епидемија, не е наша работа самите да правиме проценка за сопственото здравје, тоа треба да се пропушти на надлежните служби.

Треба ли воопшто да се споменува одржувањето на личната хигиена. На многумина им беше смешна препораката за миење на раце, ама ич не беше смешно кога Владата му наложи на Министерство за образование да обезбеди сапуни по школите. Зашто во одредени школи, родителите ги купуваат средствата за хигиена.

Превентивно, секој од нас може да избегнува поголема маса на луѓе, и да кива и кашла според упатства, во лакт, во марамче кое ќе го фрли, итн.

Едно е што државата и институциите прават, но секој од нас треба да даде свој личен придонес во борбата против овој вирус, имајќи предвид дека е нов, непроучен, нема лек и вакцина. Одговорноста е во секој од нас поединечно, за доброто на сите нас колективно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АПЕЛ: Сите кои допатувале од региони со коронавирус задолжително да се јават на дежурните телефони

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

Како се лекуваат пациентите заразени со корона вирусот?

Пресметавме колкави се шансите секој од нас да заболи од корона вирус и каква е стапката на смртност

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за правда утре ќе го соопшти составот на работната група за уставни измени

Редакција

Македонската економија годинава со раст од 2%, а следната 3%, предвидува ЕБОР

Редакција

Загадениот воздух може да ги влоши симптомите на Ковид-19

Редакција