еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Како граѓаните да закажат тестирање за корона вирусот кај матичен лекар

Закажувањето на земање брисеви од вчера се врши и преку матичните лекари, информираат од Министерство за здравство.

„Доколку граѓаните имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите граѓаните не смеат да одат во ординација, туку исклучиво да се јават по телефон кај својот матичен лекар,“ велат од Министерство за здравство.

Матичниот лекар им поставува прашања на граѓаните и тие одговорат на десетина прашања. Согласно одговорите на епидемиолошката анкета, електронски алгоритам укажува на тоа дали е потребно тестирање или не и доколку е потребно кој е степенот на итност.

Во оваа прилика, апелираме до граѓаните дека се должни да даваат точни податоци за епидемиолошката анкета во интерес на јавното здравје и точното приоритизирање на итноста за тестирање. Исто така апелираме да се јават само доколку имаат симптоми, да не се оптоварува системот беспотребно.

Во случај да треба да се изврши тестирање, матичниот лекар го закажува тестирањето преку “Мој Термин” на некој од пунктовите според местото на живеење на пациентот. Без закажување, не е возможно да се изврши тестирање и затоа граѓаните се предупредуваат да не одат сами на пунктовите без закажан термин.

Во закажниот термин, не треба да се оди кај матичниот лекар или да се зема некоја потврда, граѓаните треба да одат директно на пунктот за да бидат тестирани. Се истакнува дека треба да носат заштитна опрема и по можност не доаѓаат со јавен превоз.

По земањето на брисеви и соодветно испитување, за резултатите пациентите ќе бидат известени и согласно состојбата ќе биде заземен став за натамошно лекување дали на клиника, болница или во домашни услови, а во целосна секојдневна комуникација со матичните лекари и со сестра и доктор  од клиниката за инфективни болести,“ се додава во соопштението.

Во функција за поддршка на граѓаните е и бесплатниот број на контакт центарот на Министерството за здравство 0800 002 03, на кој може да се добијат сите потребни дополнителни информации, како и информации за тоа како да се закаже тестирање и други препораки во однос на коронавирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 148 заболени од корона вирусот: Регистрирани нови 12 од кои седум во Скопје, пет во Куманово

Со коронавирусот во Европа може да се бориме две години

(ВИДЕО) Како изгледа тестирањето за коронавирусот

Еден или повеќе негативни резултати по тестирање не исклучуваат можност дека сте заразени со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Битола доби владина поддршка за справување со штетите од земјотресот

Редакција

На затворениците од Идризово им фалеле уште 32 метри за да избегаат, не се знае каде ја фрлале земјата од тунелот кој го ископале

Редакција

Само овластениот предлагач може да води пропаганда за референдумот

Редакција