еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Како избега Груевски: Освен двата одземени пасоши имал ли и трет со друг идентитет?!

Во недостаток на официјални информации од македонските институции, но и на унгарските власти расте бројот на шпекулации за тоа како поранешниот премиер, сега пратеник, Никола Груевски, избегал во Унгарија и моментално е во Будимпешта.

Од она што е официјално, познато е дека на Груевски му се одземени дватата пасоши, едниот дипломатски, а другиот личен.

Според унгарските медиуми најверојатно во Унгарија пристигнал во петокот, но основното прашање е како, со документи или без, и со какви документи, што ја отвара дилемата дали можеби имал и трет пасош со некаков друг идентиет, како што е случајот со бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои пребегаа во соседна Грција.

Унгарски медиуми шпекулираат и дека влегол во Унгарија облечен како жена.

Телевизијата Телма пак пренесе дека унгарските медиуми имаат дилема дали Груевски избегал со бугарски пасош. Имено весник Непшава (близок на тамошните социјал-демократи) пишува дека е можно Груевски да го реалзиирал патот Скопје-Будимпешта со бугарски пасош.

Друга дилема е дали на патот поминал и низ Србија. За да влезе во оваа соседна земја му е потребна само лична карта. Дел од српската опозиција вчера отворено праша дали во бегството на Груевски, помогнале и служби на Србија.

Прашање е и како патувал Груевски. Дали можеби користел спортски авион? Дали користел илегални премини?

Секако едно од главните прашања е и кој му помогнал во бегството од Македонија.

Прашања и шпекулации ќе има уште многу, додека македонските и унгарските власти не одговорат на овие основни прашања, што би требало да биде наскоро, имајќи го во предвид притисокот од македонската јавност, но и тој од Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српска „Политика“: Груевски со лажен пасош побегнал преку Албанија, со „Малев“ од Тирана летал до Будимпешта

Од бугарското Министерство за правда велат дека Груевски нема бугарски пасош

Унгарски медими: Груевски најверојатно влегол во Унгарија со возило од Србија, со помош на српските власти

Унгарски медиуми: Груевски не бил во вилата на Орбан

Груевски кога стигнал во Унгарија, престојувал во хотелот Кемпински во Будимпешта

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германски Франкфуртер алгемејне цајтунг: Инсистирањето на контроверзни историски прашања го загрозува проширувањето на ЕУ

Редакција

Нови 449 случаи од Ковид-19 од 3.283 тестирања, во Скопје 170

Редакција

Пругата кон Бугарија стана политички виц: За бавната изградба може да влеземе во Гинис

Редакција