еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Како изгледа првиот работен ден на Пендаровски

Првиот работен ден новиот претседател Стево Пендаровски го почна со пораки за граѓанско помирување и залекување на отворените рани од скорешното минато, пишува тој на Фејсбук.

-Време е да ги залечиме отворените рани од нашето скорешно минато и реално да го започнеме граѓанското помирување, затоа што немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом. На тој пат сакам да се вложам без остаток, не водејќи сметка за сопствениот политички рејтинг. Сите добронамерни луѓе, политичари и партии што ќе решат да одат по истиот тој пат ќе ја имаат мојата поддршка, порача утрово Пендаровски преку Фејсбук.

На првиот работен ден од претседателскиот мандат, Пендаровски во „Вила Водно“ ќе има средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија, Самоел Жбогар.

На вчерашната инаугурација во Собранието, Пендаровски рече дека ќе биде претседател на сите граѓани, и на оние кои гласаа за него, и на оние кои гласаа за неговите противкандидати, како и на оние кои не излегоа на гласање.

-Првата работа што ќе ја направам е да подадам рака за соработка кон опозицијата, рече претседателот Пендаровски на инаугурацијата, додавајќи дека време е да почне граѓанското помирување зашто немаме резервна татковина која можеме да ја наречеме наш дом.

Шефот на државата најави дека ќе се бори против поделеноста во општеството, дека ќе ги штити правата на политичкото малцинство, дека максимално ќе се заложи за довршување на полноправното членство на земјава во ЕУ и НАТО, како и дека посебно внимание ќе посвети на меѓуетничките односи.

МИА/Фото: Фејсбук/Пендаровски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Црвенковски на инаугурацијата на Пендаровски ги засени сите“: Твитер реакции

(Фото) Пендаровски го испрати Иванов од Вила Водно

Пендаровски од Собранието: Првата работа што ќе ја направам е да подадам рака кон опозицијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета на МЦМС: Мнозинството од граѓаните нема доверба во Владата, 78% сметаат дека земјата е во политичка криза

Редакција

Захариева: Нашите услови не се сменети повеќе години, мене ме чуди дека тоа е нешто ново за вас

Редакција

595 казни за неносење заштитна маска

Редакција