еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Како компаниите со производствeни капацитети да ги заштитат работниците

Министерството за труд и социјална политика ги повикува компаниите да се придружуваат до препораките за организација на работењето затоа што заштитата на здравјето на работниците е основен услов за заштита на економијата.

„Апелираме до правните субјекти во оваа вонредна состојба сите да покажеме одговорност. Инспекциските служби се на терен и ќе го следат почитувањето на препораките,“ велат од МТСП.

Препораките за организирање на работниот процес се следните:

– Во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени до таа мера да работниците бидат на растојание од 1,5 до 2м.

– Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција нa раце и работни површини.

– За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце и дезинфекција со употреба на дезинфекциони средства на база на алкохол).

– Да се врши почесто проветрување на работните простории односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација).

-Еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории, особено во погоните, од овластена служба за тоа.

-Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и се пријавува до надлежен Центар за јавно здравје.

-Да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници.

– Во случај на потреба од административна работа, потпишувањето на хартиени докумени да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштитна маска и ракавици).

-Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема.

– Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи, исто така да носат лична заштитна опрема.

– Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на меил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како да обезбедите дневни дозволи за работа по 21 часот

(ВИДЕО) Како правилно да ги употребувате и симнете маските и ракавиците

Помалку заразени од Луксембург: Го стави ли Русија корона вирусот под контрола?

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Го изедоа првиот километар“: Твитер реакции за камен-темелникот за Коридор 8

Редакција

(Видео) Студент во Прага уби 14 лица: Студенти скокаа од прозорец на Универзитетот за да се спасат

Редакција

Борисов до Ковачевски: Фатете го бикот за роговите, важните прашања поврзани со историјата и јазикот на омразата треба да ги решите веднаш

Редакција