еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Како линданот на Охис го труе цело Скопје и околината

Опасниот по живот, индустриски токсичен отпад линдан којшто со децении се наоѓа во две депонии во фабриката Охис во Скопје треба да почне да се отстранува од следната година, а процесот ќе трае од 3 до 5 години.

Како ќе се отстранува ќе зависи од тоа колку пари ќе се соберат во специјалниот Фонд формиран за таа намена.

Бидејќи нашите пари во голем дел одат за плати на гломазната и голема администрација, пари ќе бараме од странците.

Пресметките се дека чистењето може да чини од 40 до 260 милиони евра, а со процесот ќе бидат опфатени и големата и малата депонија во Охис.

Линданот преку почвата одамна е раширен по цело Скопје и околината

Илјадниците тони линдан во двете депонии во Охис е складиран уште од седумдестите години од минатиот век, кога поради загриженост од неговите ефекти, на светско ниво почнува да се намалува неговото производство, а во Охис веќе го имале произведено во големи количини.

Изминативе неколку години се правени бројни домашни и странски истражувања кои покажале дека истиот преку почвата, воздухот и водата е раширен по целиот град и неговата околина, па затоа Охис е на врвот од листата на „еколошки бомби“ во Македонија.

Се претпоставува дека стигнал и до реката Вардар, а каде се завршил, можеме само да претпоставуваме.

Типично за линданот е што многу лесно се пренесува на поголеми растојанија, со што се објаснува неговото присуство дури на Артикот, каде ниту се произведувал, ниту се користел.

За неговото ширење придонел и фактот дека еден од базените во Охис каде е складиран, низ годините распукал.

Се користел како инсектицид и додаток во шапоните против вошки и шуга

Линданот почнал да се користи во 1942 година, како инсектицид за заштита на житни растенија, семиња и во третман на почви во Велика Британија.

Подоцна низ светот се користи како додаток во шапоните против вошки и шуга.

Во 1987 година Меѓународниот истражувачки центар за рак го класифицира во групата 2Б како можен човечки канцероген фактор.

Тешко се распаѓа

Линданот се карактеризира со полувек на распаѓање од 2,3 до 3 дена во воздух, 30-300 дена во вода, 50 дена во седименти и 2 години во почва.

Бидејќи е испарлива супстанца, се расејува од контаминираната почва и се содржи и во ПМ честичките. Комбинацијата со ПМ 10 честичките, кои се актуелни деновиве е еднакво на масовно труење!

Какви заболувања „носи“ линданот

Изложеноста на линдан може да се појави од консумирање на контаминирана храна или преку дишење на воздух загаден со линдан.

Долготрајната изложеност на линдан со вдишување кај луѓето се поврзува со заболувања на црниот дроб, крвта како и нарушувања на нервниот, кардиоваскуларниот, имунолошкиот и репродуктивниот систем.

Фото: Фармахем

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Необележана депонија со 8.000 тони канцероген линдан од ОХИС ја труе околината на Драчево

Ќе се отстранува опасниот по живот линдан од „Охис“, чистењето ќе трае од три до пет години

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Благајник во ЈЗУ „Завод за нефрологија“ Струга четири години сам си ја зголемувал платата 

Редакција

(ВИДЕО) Героски го побара заканувачот во СДСМ, од партијата велат дека не е од нивното обезбедување

Редакција

Лажни се пријавите за бомби во училиштата во Скопје и во Народна банка

Редакција