еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Како македонската компанија Macedonian Honey придонесе во спречувањето на изумирањето на пчелите

Македонската компанија Macedonian Honey е формирана со идеја дека мора да има подобра иднина за пчелата, биодиверзитетот и природата.

“Во ова време на климатски промени, исчезнувањето на пчелите, намалувањето на биодиверзитетот, ние сме исправени пред одговорна задача да превземеме нешто. Опрашувањето, биодиверзитетот и човековата благосостојба се тесно поврзани, затоа сите ние сме вклучени без разлика дали сме бизнисмени, фармери, научници, индустријалци, политичари или едноставно – луѓе“, објаснуваат од компанијата.

Резултат на работата на Macedonian Honey е спречување на изумирање на пчелите, зголемување на популацијата на диви пчели во природата, заштита на биодиверзитетот, и намалување на ефектот на климатските промени врз човековото живеење.

„Затоа создадовме нова иновативна кошница која е прилагодена на природните потреби на пчелата и воедно ја олеснува работата на пчеларот. Пчелите одгледани во Elle-Hive стануваат посилни и нивниот генетски материјал им овозможува на идните генерации пчели полесно да се справат со предаторите и климатските промени, додаваат од компанијата.

Кошниците се поставени на планинскиот масив Бистра-Стогово во југозападна Македонија, близу градовите Дебар и Кичево, на 100 километри воздушна линија од Јадранското море, каде природата е полна со богата вегетација и медоносни лековити билки како жалфија, нане, маточина, планински чај.

Macedonian Honey ја формираше и платформата International Bee-Station, која претставува место каде поединци, фирми, меѓународни организации, амбасади и други оганизации, ќе се сретнат и заедно ќе придонесат за заштита на природата.

Компанијата Macedonian Honey е Европски минатата година беше победник во категоријата Клима  (климатски промени) на  StartUp Europe Awards.

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер за Законот за јазици: „Како е смештај дан требит на албански? За двојазичноста прашвам…“

Редакција

Македонија и Србија ќе потпишат меморандуми за полесно поминување на границите, соработка во областа на енергетиката и рударството

Редакција

Од коронавирусот почина пациент од Делчево на возраст од 60 години

Редакција