еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Како руските комичари кои разговарале со Заев ги наоѓаат телефонските броеви на светските политичари

Руски комичари Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров), на кои македонскиот премиер Зоран Заев им е најновата „жртва“ во интервју за „Руска реч на македонски“ од пред неколку години не сакаат да ги откријат сите детали за тоа како успеваат да се јават на шефовите на држави, но општата шема изгледа вака: до самиот врв тие стигнуваат преку долгата низа луѓе, почнувајќи од најниските ешалони.

„Има луѓе кои се подготвени да ни помогнат“, раскажува Кузенцов.

Понекогаш користат други личности.

„Телефонот на Џон Мекејн, на пример, успеавме да го најдеме со помош на Саакашвили (поранешниот претседател на Грузија, губернатор на Одеса), вели Столаров.

Во интервјуто тие велат и дека се патриоти и ја поддржуваат политиката на рускиот претседател Владимир Путин, но дека не работат за државата, а по координатите на познати личности трагаат сами или со помош на „пријатели“.

На гласините за врски со разузнавачи реагираат со иронија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(АУДИО) Руски комичари три пати разговарале со Заев преставувајќи му се како Порошенко и Столтенберг

Заев на „лажните“ Порошенко и Столтенберг им дал телефонски броеви од Вес Мичел и Рамуш Харадинај

(Аудио) „Жртви“ на руските комичари освен Заев биле и Макрон, Ердоган, Столтенберг…

Еуфорија на Твитер за местенката на Заев: „Кој знае колку стоел мирно до телефонот кога зборел со Столтенберг“

Фото: Фејсбук/Кузенцов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две куќи, стан, чамец, деловен простор: Каков имот пријавил Енвер Малиќи, кој стана почесен конзул на Мексико во Македонија

Редакција

Инфраструктурата и корупцијата се дел од проблемите на странските инвеститори, само 43% би инвестирале пак

Редакција

Мицкоски: Со Заев има шанса само да констатираме дека договорот за името е мртов

Редакција