еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Како зборот консензуален стана нова придавка во изборите за претсeдател?

Десетина имиња се разгледуваат во редовите на СДСМ како можни кандидати за иден претседател. Меѓу нив има Македонци, Албанци, Турци, Срби, се со цел да се пронајде личност која ќе биде најприфатлива и максимално консензуално решение, колку што е можно тоа да се направи за да се опфатат сите, рече вчера премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев запрашан за претстојните претседателски избори што треба да се одржат во април, годинава.

Со оваа изјава тој на некој начин се обиде да даде одговор на дилемата во јавноста во однос на прашањето дали консензуалноста значи дека кандидатот за претседател мора да биде Албанец.

Имено, кованицата консензуален претседател ја реафирмира на македонската политичка сцена лидерот на ДУИ, Али Ахмети со додавка дека неговата партија со фанатизам ќе го брани овој услов при изборот на кандидат за претседател.

Според СДСМ и ДУИ, консензуалноста значи дека тоа мора да биде кандидат договорен меѓу двете партии и прифатлив за македонската и албанската популација.

Сепак, со самото тоа што консензуалноста како термин го наметна ДУИ не треба да зачуди ако зад кулисите се води тежок пазар и за оваа функција и се навива кандидат за претседател да се најде меѓу албанската популација.

Двете партии треба да знаат дека претседателот се уште се бира на непосредни избори и затоа е проблематична употребата на зборот консензуален со оглед на тоа што на крајот граѓаните решаваат кој кандидат е прифатлив, а кој не, а не политичките партии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никола Димитров не ја исклучува можноста да се кандидира за претседател на државата

СДСМ го мери рејтингот на десет можни кандидати за претседател на државата

За што се подготвува Влатко Ѓорчев?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Најдоброто фит-тело на модната сцена

Редакција

Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина, но нема да воведе санкции кон Русија, изјави Вучиќ

Редакција

Детален преглед: Акции на Македонската берза со најголем пораст и пад на вредноста во декември

Редакција