еМагазин
Image default
Локално

Каков ќе биде возниот ред на ЈСП за празниците

По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет возен ред од вообичаениот.

На 31. декември (понеделник) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќат по вообичаен делничен возен ред.

На 1. и 2. јануари (вторник и среда) автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по вообичаен делничен возен ред

Од 3. јануари автобусите од јавниот превоз ќе возат по вообичаен, делничен возен ред.

Но, имајќи во предвид дека во меѓувреме ќе започне и зимскиот училиштен распуст, возниот ред од 3. јануари ќе биде редуциран.

На 7. јануари (понеделник) автобусите од јавниот превоз ќе возат по неделен возен ред.

Ноќните линии на 31. декември (понеделник према вторник) и 1. јануари (вторник према среда), ќе работат по возен ред како во сабота према недела.

Жичницата на Водно нема да работи на 31. декември (понеделник), со оглед на тоа дека секој понеделник и последен вторник во месецот, се врши редовен сервис на објектот.

На 1. јануари (вторник), жичницата ќе почне со работа од 11 часот.

Поради техничкиот проблем на веб-страницата на ЈСП Скопје, во делот за избор на датум на возниот ред, сакаме да напоменеме дека информации за возниот ред можат да се добијат и во Диспечерски центар на 3173-224.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Труење во Струга по свадба

Редакција

Штипјанец наседна на измамата со огревни дрва

Никола Осило

(ВИДЕО) Страшна глетка: Масовен помор на плашица во Охридското езеро поради ниското ниво на кислород во водата

Редакција