еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Асим Муса, заменик министерот за здравство, кој си поднесе оставка по снимката за земање мито

Заменик министерот за здравство Асим Муса објави дека се повлекува од функцијата откако во медиумите беше објавена видео снимка на која се гледа како тој наводно прима пари од пациент од Албанија за хируршка интервенција.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција кога станал заменик министер.

Каков имот пријавил?

Она што прво паѓа во очи во анкетниот лист на Муса е што за повеќе од половина од работите кои ги пријавил не дал податок во чија сопственост се.

Пријавил земјиште во Струга и село Добовјани, стекнати како подарок и од наследство, стан во Струга проценет на 80 илјади евра, од 89 метри квадратни, стекнат со договор за купопродажба.

Пријавил и три автомобили, на име на сопругата Фолксфаген Голф, а за двата Мерцедеси не дал податок чиви се.

Пријавил дуру три кредити, еден на име на сопругата, од 610 илјади денари, земен во 2016 година, но не не дал податок до кога ќе се исплаќа истиот.

И за другите два кредити, кои заедно се на сума од околу 2,2 милиони денари (земени во 2016 и 2008 година) не дал податок до кога ќе се исплаќаат, ниту кој ги земал.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителство ќе го истражува случајот со поткуп на Муса, од Албанија ќе бара оргинална снимка

Заменик-министерот за здравство Асим Муса што наводно земал поткуп, поднесе оставка

„Перфектен тајминг“ за скандалот со Асим Муса: ЕУ во ист кош треба да ги стави Македонија и Албанија?

(Видео) Асим Муса, заменик министерот за здравство од ДУИ снимен како зема поткуп

Фото: Фејсбук/Муса

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Реално ли е зголемувањето на цените во маркетите?“: Инспекциите ќе излезат на терен

Редакција

Од компликации поради корона вирусот почина првиот лекар, урологот Арификмет Деари од Тетово

Редакција

Производството на струја во ЕСМ е стабилно: Се испорачува електрична енергија произведена од домашни капацитети

Редакција