еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил ексминистерот и актуелен пратеник, Љупчо Димовски

Поранешениот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и актуелен пратеник, Љупчо Димовски, заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.

Каков имот пријавил

Според анкетниот лист доставен до Државната комисија за спречување корупција, кога станал пратеник, Димовски на свое име нема недвижен имот.

Како личен имот пријавил две возила, Форд Фокус и Фолксваген Туарег.

На име на сопругата пријавил уште едно возило, Форд Фиеста.

На свое име пријавил и уметнички и колекционерски предмети, проценети на 1,2 милион денари.

На име на родителите пак пријавил стан во Скопје од 112 метри квадратни, проценет на 6,9 милиони денари.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Љупчо Димовски

Собранието ќе одлучува дали ексминистерот Љупчо Димовски ќе оди во притвор

Притвор за Цветков и Делев, куќен притвор за Спасеновски, за Димовски дополнително ќе се одлучува

Фото: Фејсбук/Димовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најнови податоци од ДИК: Излезноста 41.85%, Пендаровски освоил 323.892, Силјановска 319.364, а Река 79.921 гласови

Редакција

Изгласан новиот Деловник, Левица го оштети системот за работа во пленарната сала на Собранието

Редакција

Доктор Пановски: „Кој ќе биде одговорен за присилување на вакцинација само за добивање на сертификат, изгледа како злосторство“

Редакција