еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил генералниот секретар на Владата, Рашковски кој е во фокусот на јавноста за набавката на радарскиот систем

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски по објавената аудио снимка за набавката на радарскиот систем е во фокусот на јавноста.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист, кој го доставил до Државната комисија за спречување на корупцијата, кога дошол на оваа функција.

Каков имот пријавил?

Според анкетниот лист на свое име пријавил стан во Скопје, од 68 метри квадратни, стекнат со договор за купопродажба.

Во Струмица има земјоделско земјиште, стекнато на друг начин.

Вози Волво, а пријавил два мотоцикли, Кавасаки и Хонда.

Во две банки на свое и на име на децата има депозит, а има и кредит од 4,2 милиони денари, кој ќе го исплаќа до 2028 година.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Познат македонски иноватор“: Што пишува во биографијата на генералниот секретар на Владата, Рашковски, кој е топ тема поради набавката на радарскиот систем

Телма: Папата Франциск слетал со неисправен радарски систем на скопскиот аеродром

Новинарите Салиу и Јовановски бараат оставка од Рашковски оти ги навредил Ромите и Италијанците

Генералниот секретар Рашковски ќе тужи партии, новинари и медиуми

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „врие“ за зачестените убиства: „Пукано онде, мртов таму, убиство онаму… што е ова бе?“

Редакција

Годишен раст од 4,9% на вкупните депозити и од 9,4% на кредитите во декември

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите паднаа од тронот

Редакција