еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Кирил Колемишевски, кој е предложен за нов заменик-министер за економија

Кирил Колемишевски, кој до пред извесно време беше в.д. директор на Развојната банка на Северна Македонија е предлогот за нов заменик-министер за економија.

еМагазин Ви пренесува каков имот пријавил до Државната комисија за спречување корупција кога станал член на Надзорниот одбор на Македонска банка за подршка и развој.

Каков имот пријавил?

Според анкетниот лист на свое име пријавил земјиште во Ресен и стан во Скопје од 87 метри квадратни, кој е подарок.

Но онаа што е интересно е дека пријавил неколку удели и акции. Нема податок каде.

Уште поинтересно е дека има три заеми и еден кредит.

Има заем од 18 милиони денари, кој треба да го врати до 2024 година, заем од 4,3 милиони денари, кој треба да го врати до 2023 година и заем од 755 илјади денари, кој треба да го врати до 2026 година.

Кредитот е на сума од 162 илјади денари и истиот треба да го врати годинава.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Коста Петров, новиот потпреседател на СДСМ: ПР-експерт, бизнис-автор и следбеник на кабала

Која е приватно идната министерка Ангеловска: Парите ги троши на патувања

ЦО на СДСМ: Наумовска, Колемишевски, Мехмедовиќ ќе бидат номинирани за нови заменици-министри

Фото: Фејсбук/Колемишевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како изгледаат автобусите со кои повратниците од странство се носат во карантин

Редакција

Народна банка: Можност за привремено олеснување на кредитните услови за граѓаните и компаниите

Редакција

Убава вест: 450 оздравени од Ковид-19

Редакција