еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Оливер Спасовски, кој е кандидат за технички премиер

Актуелниот министер за внатрешни работи и вицепремиер, Оливер Спасовски е еден од кандидатите за технички премиер.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал министер во 2017 година.

Каков имот пријавил?

На свое име пријавил куќа во Куманово од 309 метри квадратни, проценета на 7,3 милиони денари, стекната како подарок.

Вози Пежо 307, а на свое име пријавил и уметнички и колекционерски предмети, проценети на 260 илјади денари.

Има и кредит од 600 илјади денари, кој треба да го отплати следната година.

На име на родителите пријавил земјиште во Куманово и Старо Нагоричане, шума од 37 илјади метри квадратни во Старо Нагоричане, проценета на 4,2 милиони денари и куќа од 60 метри квадратни во Куманово, проценета на 1,2 метри квадратни.

На име на родителите пријавил и Шкода Фабија и машини и друга опрема.

На свое име и на име на родителите пријавил денарски платежни картички.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е приватно и професионално Оливер Спасовски, еден од кандидатите за технички премиер

Каков имот пријавила Мила Царовска, која е кандидат за технички премиер

Која е приватно и професионално Мила Царовска, кандидат за технички премиер

Оливер Спасовски и Мила Царовска можни технички премиери

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

6 лица од новозаболените со коронавирусот во Македонија со претходни заболувања

Редакција

Се замрзнуваат цените и на оризот, тестенините и јајцата

Редакција

Нови 164 заболени од корона вирусот, најмногу во Скопје 85

Редакција