еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил старо-новиот министер Садула Дураки

Садула Дураки заминува од министерската позиција во Министерството за животна средина и просторно планирање, на нова министерска позиција во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

еМагазин ги разгледа двата анкетни листови кои ги доставил до Државната комисија за спречување на корупција, кога станал градоначалник на Општина Липково и кога станал министер за животна средина и просторно планирање.

Откако и официјално ќе стане министер за политички систем и односи меѓу заедниците, во рок од 30 дена ќе треба да достави нов анкетен лист.

Каков имот пријавил?

Во анкетниот лист кога станал градоначалник, како заеднички имот пријавил две куќи во Липково, едната од 260 метри квадратни, стекната од наследство, другата од 410 метри квадратни, стекната на друг начин.

На име на родителите пријавил трактор од наследство, а на свое име Ауди А4, проценето на 1,2 милиони денари.

Во банка на девизна штедна книшка тогаш имал 9.000 долари.

Кога доставил анкетен лист кога станал министер, на девизната штедна книшка има 21.000 долари.

Во тој анкетен лист на име на родителите пријавил стан во Скопје од 58 метри квадратни, стекнат со договор за купопродажба.

Пријавил и моторно возило на име на сопругата од А класа, ама не навел какво.

На име на родителите и сопругата пријавил и земјоделско земјиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во биографијата на старо-новиот министер Садула Дураки заборавиле да стават дека не се „бави“ со граѓаните

Кои се тие функционери кои не ги фатила „метлата“, а местеле милионски тендери, за кои зборува поранешниот советник на Тевдовски, Јовановиќ?

Каков имот пријавил Горан Милевски, новиот министер за локална самоуправа

„Метла ли е, центрифуга ли е?“: Твитер реакции за новите министри и реконструкцијата на Владата

Фото: Фејсбук/Дураки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Ел Чека: Објавува „бомби“ од Чикаго, а по потекло е од кичевско

Редакција

„Боки со мал прст го заврте бројчаникот појако од сите институции“: Твитер реакции за Бојан Јовановски и „Рекет“

Редакција

Вучиќ отвори нова дилема: Груевски влегол во Албанија легално или нелегално?

Редакција