еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Виктор Димовски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност

Виктор Димовски е новиот директор на Агенцијата за национална безбедност.

Каков имот пријавил

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист, кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција кога станал државен секретар во Министерството за надворешни работи.

Како заеднички имот пријавил два стана во Битола од по 64 и 68 метри квадратни, стекнати со договор за купопраджба и стекнување на друг начин.

На свое име пријавил куќа во Битола од 70 метри квадратни, од наследство и земјиште во Битола, а како заеднички имот земјиште и во Скопје.

Како заеднички имот пријавил и три моторни возила, девизен депозит во две банки, а свое име има и кредит кој ќе го отплаќа во следните 11 години.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Виктор Димовски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност

Дипломатот Виктор Димовски нов директор на Агенцијата за национална безбедност

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цела листа: Кои пратеници дадоа амин за „францускиот предлог“

Редакција

(Видео) Ќотек и склекови за Индијците кои не ги почитуваат забраните за корона вирусот

Редакција

СЗО: За потеклото на коронавирусот – сите докази упатуваат на лилјаци

Редакција