еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила Невенка Стаменковска Стојковски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за заменик министер за информатичко општество и администрација

Невенка Стаменковска Стојковски е предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за заменик или дополнителен министер за информатичко општество и администрација во техничката влада.

еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциска комисија кога станала пратеник.

Каков имот пријавила?

Според нејзиниот анкетен лист таа на свое име нема недвижен имот, но има два кредити, едниот од 240 илјади денари, кој требало да го исплати годинава, а вториот е од 280 илјади денари, кој треба да го исплати до 2025 година.

На име на родителите пријавила куќа од 50 метри квадратни во Скопје и два стана од по 40 и 45 метри квадратни во Скопје.

На име на сопругот пријавила возило Пежо, на име на родителите возило Форд Фиеста, а на свое име две возила, Опел Корса и Форд Фусион.

Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Koja e Невенка Стаменковска Стојковски, која од ВМРО-ДПМНЕ е предложена за заменик министер за информатичко општество и администрација

Кој е Цветан Трипуновски, кој ВМРО-ДПМНЕ го предлага за заменик министер за земјоделство

Кој е Драган Ковачки кого ВМРО-ДПМНЕ го предложи за технички министер за внатрешни работи

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи утре во Софија, со бугарскиот колега Милков ќе го посетат повредениот Пендиков

Редакција

(Видео) Како ќе изгледа „автобуското метро“ во Скопје

Редакција

Незначителен раст на индустриското производство во март

Редакција