еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска

Пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, која на јавноста и стана позната по големите патни трошоци кои и биле исплатени од Собранието, од пред неколку месеци, повторно е актуелна, овојпат поради вработувањето на нејзиниот син во ЕЛЕМ.

еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист, кој го доставила до Државната комисија за спречување на корупција.

На свое име пријавила само кредит кој ќе го отплаќа до 2024 година, девизен депозит и кредитна картичка.

На име на сопругот пак пријавила две куќи во Делчево, стекнати со наследство и стан во Скопје, стекнат со договор за купопродажба.

На име на сопругот пријавила и возило Пежо 206, а возило пријавила и на име на децата, Поло.

Ја пријавила и платата на сопругот, но не и нејзината.

Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Кучето на Мира Дизел вработено во гранична полиција“: Твитер „експлодира„

А1он: По синот, во РЕК Битола вработен и братот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска

Партиско дувло: Бројот на вработени во ЕЛЕМ се зголемил за речиси 1.000 лица од 2009 до 2018 година

„Која мајка изгубила син… у МЕПСО и ЕЛЕМ ќе си ги најде“: Твитер „прегреа„

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицијата употреби драконски мерки, голем број Бугари беа спречени да дојдат, оцени бугарскиот министер Демерџиев

Редакција

Нормално е да се згреши, јас имам 46 години, се случува на овие години, вели Заев за твитот поради кој се налути Грција

Редакција

Како да се препознаат симптомите и да се третира цервикобрахијален синдром

Редакција