еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавиле уставните судии: Ивановски има три стана и кредит од 1,1 милиони денари

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле уставните судии, кои деновиве се актуелни по најавата дека Уставниот суд ќе расправа по иницијативата за преиспитување на законитоста на членот 11 од Законот за помилување од 2016 година, а со кој се овозможи да се укине помилувањето што го даде тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Каков имот пријавил Никола Ивановски?

Според неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал судија во Уставниот суд, Ивановски на свое име пријавил три стана во Скопје од по 147, 49 и 48 метри квадратни, за кои нема проценка, а кои ги добил од наследство.

На свое име пријавил и барака во Скопје од 64 метри квадратни, стекната на друг начин, а проценета на 2 милиони денари.

Вози Шкода Јети и Фолксфаген, а на име на децата пријавил и возило Форд Фузион.

Ивановски и ма и кредит од 1,1 милиони денари, кој треба да го отплаќа до 2023 година.

На име на сопругата пријавил приходи од продадена барака и денарска штедна книшка, а на име на децата остварена штета по пресуда.

На свое име пријавил и трансакциона сметка на која има 0 денари.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавиле уставните судии: Елена Гошева на свое име има само земјиште и депозит од 32.700 долари

Каков имот пријавиле уставните судии: Ајдари има стан и куќа, а вози Мазда 3

Каков имот пријавиле уставните судии: Мурати има куќа и два стана

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ел Чека“ продолжува со „бомби“ на Фејсбук, а „Зоран Заев“ на You tube

Редакција

Се шетаат ли низ Македонија „лажно“ вакцинирани граѓани?

Редакција

Доктор Пановски го „запали“ Фејсбук за одлуките на Владата каде треба да се носат маски: „Кој не полуди, тој не е нормален“

Редакција