еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавиле уставните судии: Маркудова има стан, а има приходи и од дивиденда

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле уставните судии, кои деновиве се актуелни по најавата дека Уставниот суд ќе расправа по иницијативата за преиспитување на законитоста на членот 11 од Законот за помилување од 2016 година, а со кој се овозможи да се укине помилувањето што го даде тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Каков имот пријавила Вангелина Маркудова?

Според анкетниот лист кој го доставила до Антикорупциска кога станала судијка во Уставниот суд на свое име пријавила стан од 76 метри квадратни во Скопје, проценет на 4,7 милиони денари, стекнат со договор за купопродажба.

На свое име пријавила и градежно земјиште во Нов Дојран од 506 метри квадратни, стекнато на друг начин.

Поседува и акции, од кои зема дивиденда, а онаа што е впечатливо во нејзиниот анкетен лист е имот кој го пријавила на име на сопругот.

Па така на негово име пријавила бројни парцели со земјоделско земјиште во Глуво, Оризари, Визбегово…, пасиште, ливада, лозје…

На свое име пријавила и кредит за кој не дала податоци кога го зела и кога треба да го врати.

Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавиле уставните судии: Костадиновски со сопругата имаат два стана, вози Хјундаи

Каков имот пријавиле уставните судии: Кадриу има куќа и стан, вози Пежо

Каков имот пријавиле уставните судии: Јосифовски со сопругата имаат два стана, а вози Мерцедес бенз

Каков имот пријавиле уставните судии: Ивановски има три стана и кредит од 1,1 милиони денари

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Холандскиот премиер Руте претпазлив оптимист за тоа дали Македонија ќе ги почне преговорите во декември

Редакција

Убава вест: Шар Планина и Осоговски планини – две нови заштитени подрачја во Македонија

Редакција

Нема „скратени патеки“ за членство, принципот на заслуги останува главен услов, порача Фон дер Лајен

Редакција