еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавиле уставните судии: Стојаноски со сопругата имаат стан и куќа, вози Форд Фиеста

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле уставните судии, кои деновиве се актуелни по најавата дека Уставниот суд ќе расправа по иницијативата за преиспитување на законитоста на членот 11 од Законот за помилување од 2016 година, а со кој се овозможи да се укине помилувањето што го даде тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Каков имот пријавил Владимир Стојаноски?

Според неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал судија во Уставниот суд на име на сопругата пријавил стан во Скопје од 99 метри квадратни, проценет на 6 милиони денари, а е стекнат како подарок.

Подарок е и куќата во Скопје од 183 метри квадратни, проценета на 140 илјади евра, која е пријавена на негово име.

Вози Форд Фиеста, а неговата сопруга Опел астра.

На име на сопругата пријавил и акции, орочен девизен депозит, трансакциска сметка…

На свое име пријавил кредит од 651.900 денари, кој го зел во 2012 година, но не навел до кога треба да го исплати.

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавиле уставните судии: Маркудова има стан, а има приходи и од дивиденда

Каков имот пријавиле уставните судии: Костадиновски со сопругата имаат два стана, вози Хјундаи

Каков имот пријавиле уставните судии: Кадриу има куќа и стан, вози Пежо

Каков имот пријавиле уставните судии: Јосифовски со сопругата имаат два стана, а вози Мерцедес бенз

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Царинска управа склучи договор со “Ремондис медисон“ вреден 347,1 илјади евра

Редакција

420 мини пловат во Црно Море откако се ослободени од јажиња во близина на украинските пристаништа, тврди Руската разузнавачка агенција

Редакција

Менаџерот Роберт Голоб го победи Јанез Јанша на парламентарните избори во Словенија

Редакција