еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Каков крај на мандатот на Јанева: Ем притворена ем разрешена, а можеше да биде симболот на борбата против корупцијата

Денеска во 13 часот ќе започне собраниската седница на која единствена точка ќе биде разрешувањето на обвинителката Катица Јанева.

Освен опозицијата, за нејзино разрешување ќе гласаат и пратениците на СДСМ. Премиерот Зоран Заев синоќа во интервју за „Сител“ рече дека пратениците ќе гласаат за разрешување на Јанева поради нестручно и несовесно работење.

Одлуката на Собранието, Јанева ќе ја дочека во Шутка каде што е во притвор поради случајот „Рекет“.

На еден ден пред истекот на мандатот на 15 септември, оваа завршница на нејзината кариера можеше да има сосема поинаков тек. На најлош можен начин ја испушти можноста да остане запаметена како симбол во борбата против криминалот, наместо да пропадне на дното, бидејќи и самата стана дел од тој криминал.

Наместо денеска со крената глава да излезеше на прес-конференција и да ги образложеше процесуираните случаи во предметите кои ги води Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и резултатите од борбата против корупцијата, таа ќе си остане во глувчешка дупка, без разлика на исходот на истрагата за „Рекет“.

Шансата која и беше дадена во кариерата, и која би ја посакал секој вистински професионалец кој има чесни намери во борбата против криминалот, таа ја прокоцка на најнепосакуваниот начин за правдата на оваа држава.

Од сите разочарувања кои граѓаните ги претрпеа во оваа држава, таа беше најголемото!

Штета!!!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои актуелни функционери ги гони СЈО?

Колку и кои предмети СЈО треба да ги предедаде на Јавното обвинителство?

Што ќе ни се Собранието и пратениците кога на лидерски средби се решава судбината на СЈО и на државата?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Оваа е таа подвоеност на владата и судството?“: Османи и Нухиу на „тапет“ на Твитер за Морина

Редакција

Прв функционер во Македонија: Градоначалникот на Чешиново-Облешево позитивен на коронавирус

Редакција

Американците очекуваат војната во Украина да трае уште многу месеци

Редакција