еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Каков крај за бате Саше Мијалков: ВМРО-ДПМНЕ се збогува со началникот

Како бомба одекна веста дека Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе побара од општинските комитети Сашо Мијалков да биде исклучен од партијата, бидејќи соработувал со Зоран Заев и ги убедувал пратениците да гласаат за Преспанскиот договор, односно за промена на Уставот на Република Македонија и преименување на земјава во Република Северна Македонија.

Мијалков е еден од најконтроверзните ликови на македонската политичка сцена во изминатава деценија, кој до вчера беше пали-гаси во ВМРО-ДПМНЕ и важеше за личност која ги влече конците во партијата.

Уште повеќе, тој е во тесни роднински врски со поранешниот лидер на партијата и премиер Никола Груевски.

Гласот на Мијалков беше еден од главните во објавените прислушувани разговори, афера која се случи додека тој беше на чело на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање.

Всушност, токму тогаш почнаа и проблемите и главоболките за неговиот братучед-поранешниот премиер Груевски и за неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ.

Сега, останува да се види дали сериозните обвинувања на ракодвоството на партијата дека Мијалков влијаел врз одлуката на претаниците да гласаат за уставни измени и дека тој работел за интересите на Зоран Заев и СДСМ ќе се материјализираат преку простување на неговите гревови од актуелната владејачка гарнитура.

Имено, против Мијалков се водат повеќе судски процеси и времето ќе покаже дали тој ќе биде осуден и ќе лежи затвор или пак набргу ќе се најде на слобода во процесот на помирување што го најави премиерот Заев.

Фото: А1он

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се причините: Сашо Мијалков и Никола Тодоров пред исклучување од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) ЦК на ВМРО-ДПМНЕ поради силна соработка со Заев го разреши потпретседателот Митко Јанчев

Канческа-Милевска за исклучувањето од ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката е избрзана и „истресена од ракав“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како пациенти со кардиолошки заболувања да се заштитат од корона вирусот

Редакција

Психолошка поддршка во „Песталоци“ за децата, родителите и наставниците

Редакција

По Мијалков и Камчев излегува од притвор со гаранција од скоро 11 милиони евра

Редакција