“Телеграм“ е мобилна апликација за пораки со фокус на брзината и безбедноста. Таа е супербрза, едноставна и бесплатна.
Едноставната регистрација ја прави оваа апликација уште поинтересна за корисниците. Се што ви е потребно за да започнете комуникација со вашите пријатели е вашиот телефонски број.
Истата може да се преземе од Google Play и App Store.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
А1он: И политичари и бизнисмени во групата на Телеграм каде што се споделува порнографија
Руска верзија на Вајбер
Апликацијата “Телеграм“ е руска верзија на “Вибер“ и “Ватсап“. Пораките се енкриптирани и компанијата не споделува никакви информации со истражните органи, така да истата стана омилена и кај криминалците, преку која ги договараат зделки со кокаин, екстази, огнено оружје и автоматски пушки, објави неодамна холандскиот весник АД.
Преку оваа апликација беа координирани и терористичките напади во Париз, а според француските разузнавачки служби, таа е и „главната мрежа што ја користат терористите“.
Не е “безгрешна“
Иако важи за исклучително безбедна апликација кога станува збор за приватност, „Телеграм“ не е „безгрешна”, па и кај неа се случуваат пропусти.
Дираж Мишра, истражувач за компјутерска безбедност, неодамна откри дека десктоп апликацијата „Телеграм“ открива јавни и приватни IP адреси за време на гласовните повици.
Но, корисниците на мобилната апликација можат да ги исклучат овие повици и на тој начин да ја зачуваат тајноста на нивните податоци.
Оваа опција, сепак, не е достапна за корисниците ако „Телеграм“ ја користат на нивниот десктоп или лаптоп.
Корисниците се изложени на потенцијални напади, а нивната локација може да се открие без разлика колку се претпазливи.
„Телеграм“ го реши овој проблем со надградени верзии на апликацијата 1.3.17 бета и 1.4, кои овозможуваат или целосно исклучување на peer-to-peer повици или ги ограничуваат само кон кориснички контакти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ