еМагазин
Image default
Македонија

Каква е излезноста во општините со гласачи Албанци?

Фокусот на македонската јавност е на општините каде што живеат гласачи Албанци поради најавите дека излезноста на албанскиот електорат може да има пресудно значење за изборниот резултат на денешните претседателските избори.

Во општините Дебар и Центар Жупа, до 17 часот изборниот ден минува без никакви проблеми, нема прговори ни забелешки околу изборниот тек.

Во општина Дебар до 17 часот на гласање излегле 4.239 лица со право на глас или 23 отсто од вкупно запишаните граѓани. Во првиот круг гласале 6.737 лца или 36 отсто.

„Членовите на Општинската изборна комисија во текот на денот прават обиколка на сите 27 избирачки места и до сега не се забележани никакви недоследности во текот на гласањето. Се надеваме дека така ќе биде до крај“, вели Елмира Бакали, претседателка на Општинската изборна комисија во Дебар.

Според претседателот на Општинската изборна комисија во општина Центар Жупа Еран Зубер до 17 часот на гласање излегле 1.082 лица со право на глас, или 16 отсто.

Во трите гостиварски општини до 15 часот, на гласање излегле 16.832 од запишаните избирачи. Најголем одѕив има во мавровско-реканскиот крај, а најнизок е во полошко. Излезноста за вториот круг во Општина Гостивар, до 15 часот била е 15,04 проценти, односно гласале 11.942 граѓани.

Во Маврово Ростуше на гласање излегле 18,17 отсто односно 1.796 граѓани. Во Општина Врапчиште излезноста до 15 часот е 12,4 проценти, односно 3.094 гласачи.

Според податоците на Државната изборна комисија, до 15 часот излезноста во Куманово е 28,63 отсто или 25.233 гласачи, во Липково – 14,56  или 3.694 гласач, а во Старо Нагоричане – 34,15 отсто или вкупно гласале 1.137 гласачи.

Гласањето во овие три општини, како што информираа од општинските изборни комисии, се одвива тековно.

„Во Куманово денеска можат да гласаат 92.839 гласачи на 167 избирачки места, информираше потпретседателот на ОИК Куманово“, Ајрула Керими.

Во Општина Кичево излезноста се зголемува во попладевните часови и речиси е иста со првиот круг од претседателските избори.

„Во нашата општина до 15 часот своето право на глас го оствариле 10.849 избирачи или 21,57 процент. Изборниот процес и натаму се одвива мирно и без никакви проблеми“, рече Антигона Сефери, претседателка на ОИК – Кичево.

До 15 часот излезноста во општина Струга е 17,72 отсто, во Ресен 31, а во Вевчани 42 проценти. Претседателот на ОИК Струга Бледар Зиба информира дека во оваа општина своето гласачко право го оствариле 10.714 лица од регистрирани 60.459 во 101 избирачко место.

Во преспанскиот регион до 15 часот гласале 5.157 лица или 31 отсто од 16.649 регистрирани гласачи, потврди заменик претседателот на ОИК Ресен Ивана Гегарковска.

МИА

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 139 заболени од корона вирусот од 1.377 тестирања, најмногу во Скопје, Куманово, Кичево и Штип

Редакција

Русија бара преименувањето на Република Македонија да го разгледа Советот за безбедност на ОН

Редакција

Денеска околу сто нови позитивни на Ковид-19, се очекува состанок на Комисијата за заразни болести

Редакција