еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Каква е состојбата со граничните премини на соседните и околните држави

Царинската управа на Македонија потсетува дека во врска со состојбата со појава на вирусот Ковид – 19, се затвораат сите гранични премини во Македонија за премин на патници и возила, освен граничните премини Богордица, Ќафасан,Табановце, Деве Баир и Блаце, кои ќе бидат отворени за премин.

На граничните премини на кои е забранет премин на патници и возила дозволено е исклучиво премин на товарни возила.

Покрај ова, во Македонија забранет е влез на странски државјани кои доаѓаат од земји со висок и среден ризик, согласно листата на Светска здравствена организација.

Исто така се затвора и аеродромот Св.Апостол Павле во Охрид, поради што „Виз ер“ ги откажа сите летови кон овој аеродром

Во врска со состојбата на граничните премини во земјите од Царинската управа информираат дека:

➡️ Во Република Косово – сите гранични премини се затворени освен за државјани на Косово. Покрај забраната за влез на странци во Косово, товарниот сообраќај се одвива нормално за влез и излез.

➡️ Во Црна Гора отворени гранични премини се со Република Србија ГП Dobrakovo – Dracenovac; со Република Босна и Херцеговина ГП Metaljka, Sitnica, Ilino Brdo; со Република Албанија – Bocaj и со Република Хрватска – Debeli Breg. Исто така отворени се аеродромите Подгорица и Тиват.

➡️ Во Република Албанија сите гранични премини со Грција, Косово и Италија се затворени за патници и патнички возила. Товарниот сообраќај е отворен.

➡️ Во Република Австрија и Република Хрватска сите гранични премини се отворени.

➡️ Во Република Италија отворени се следните аеродроми: Ancona, Bari, Bologna, Cagliari, Catania, Genova, Lamezia Terme, Lampedusa, Milano Malpensa, Napoli Capodichino, Palermo, Pantelleria, Pescara, Pisa, Roma Fiumicino, Torino, Venezia Tessera.

Аеродромот Roma Ciampino е отворен само за итни случаи. Сите други гранични премини во Италија се отворени.

➡️ Исто така информираме дека сите летови од Истанбул за Скопје со авиокомпанијата Pegasus од Турција се откажани во период од 22.03.2020 – 02.04.2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Браво за волонтерите на Црвен крст, кои се во првите борбени редови во „битката“ со коронавирусот

(ВИДЕО) Полицијата во Шпанија со дронови ги тера жителите да останат дома поради корона вирусот

„Многу разводи ќе има со изолацијава„: Твитер реакции за корона вирусот

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Актуелните правила за патување во Грција продолжени за уште две седмици

Редакција

14-годишно девојче од Тетово грабнато додека одело кон маркет и силувано од соседот

Редакција

Се продава возниот парк на „Ваш курир плус“: Комбиња и камиони по багателни цени

Редакција