еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Каква мака треба да имаш за да го чекаш министерот за здравство пред врата, за да те примат на Клиника

Полицискиот билтен утринава регистрирал вознемирен маж пред зградата на Министерството за здравство. Го чекал министерот за здравство, Венко Филипче. Но, не за да го нападне или нешто слично, туку за да му ја каже маката.

Филипче, како што пишува „Дојче веле“, побарал да се види со човекот и од разговорот дознал дека имал проблем со прием во болница за испитување.

„Разговарав со човекот кој имал проблем затоа што не можел да заврши некои испитувања во болница. Го испратив кај колегите на Клиника“, изјави Филипче за „Дојче Веле“.

Оваа изјава на министерот многу кажува за состојбата во здравствениот систем. Вознемирениот пациент кој беспомошно шетал околу зградата на Министерство за здравство е „слика-прилика на сите“ пациенти кои изминативе два месеци вознемирени шетаа од клиника на клиника, барајќи ја соодветната здравствена заштита, неврзана за корона вирусот, кој во голема мера потфрли, бидејќи цел здравствен капацитет беше подреден на справување со состојбата со корона вирусот.

И покрај сите убедувања на министерот дека има протокол односно патеки за спровод на здрави пациенти во секоја здравствена установа, во реалноста не беше така. Сигурно знаеше, но мораше да смирува.

Да бидеме чесни и да си признаеме дека здравствениот систем застана, за секоја друга болест, независно од бројките на операции кои биле извршени во периодот. А колку не беа, и на колку граѓани им се влоши здравствената состојба заради непружена заштита.

Еден човек не е систем, тој се гради или уништува со години. Нашиот беше прилично срозан.

Која мака треба да ја имаш, за да го чекаш министерот за да ургира да те примаат на клиника? Одамна требаше да се вклучи сијаличката за тревоги за состојбите.

И конечно, кога нашиот здравствен систем ќе почне да функционира без ургенции на министерот?

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 442 случаи на Ковид-19 од 2.939 тестирања

Редакција

Јапонскиот е најмоќниот пасош на светот, како котира македонскиот

Редакција

(Фото) Кој дојде на прославата на ССК во „Воденица-Мулино“

Редакција