еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Какви можности за работа имате во Германија доколку поседувате странско стручно образование

„еМагазин.мк“ повикувајќи се на официјални информации од Германската амбасада во следните неколку денови ќе објавува текстови поврзани за можноста за вработување во Германија.

КАКВИ ВИ СЕ ШАНСИТЕ ЗА РАБОТА АКО ПОСЕДУВАТЕ СТРАНСКО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

Доколку поседувате странско стручно образование и ако ги исполнувате условите како стручни лица, може да поднесете барање за Сина карта ЕУ, ако имате конкретна понуда за работно место за најмалку една година, работата е соодветна на Вашата квалификација, и вашата годишна плата ќе изнесува најмалку 55.200 евра бруто.

Во тој случај нема потреба од согласност од Сојузната агенција за работа.

За одредени професии* (лекари, стручни лица од областа на инженерство, природно-математички науки, информатичка технологија) доволно се и примања од 43.056 евра бруто годишно, доколку Сојузната агенција за работа го одобри тоа.

Ако не ги исполнувате условите за Сина карта ЕУ, може да добиете дозвола за престој за квалификувана дејност, за која Ве оспособува Вашата квалификација. Тоа значи дека врз основа на

Вашата квалификација мора да бидете способни за извршување на конкретните работни задачи. Занимања како помошници или чираци не спаѓаат тука; во секој случај мора да станува збор за квалификувано занимање.

Дали Вашата странска квалификација одговара на посакуваното занимање, се проверува од страна на Сојузната агенција за работа.

*Списокот со професиите од областите „Математика, информатика, природни науки и технологија“ може да го најдете овде.

Извор: Германска амбасада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од денеска олеснети услови за работа во Германија, можност и за граѓаните од нашата држава

За полесно да работите во Германија со новиот закон, дознајте што подразбираат под стручно лице

Германскиот амбасадор со дообјаснување: Работна виза само со призната квалификација и барање од германски работодавач

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Соништата од Широк Сокак се остварија во Словенија: Успешната приказна на д-р Ружица Мирчиќ Дорески

Редакција

(Видео+фото) Шестмината убиени во пресметката во Атина најверојатно се Турци

Редакција

Вкупната бројка на заразени од корона вирусот 329: Нови 44 случаи, 23 од Куманово

Редакција