еМагазин
Image default
Македонија

Какви надлежности ќе има новиот претседател Пендаровски

Според утврдените права и должности со Уставот и законите на Република Северна Македонија, претседателот го определува мандаторот за состав на Владата на Република Северна Македонија, ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Република Северна Македонија во странство, ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници, склучува меѓународни договори во име на Републиката, доделува одликувања и признанија и дава помилувања.

Указот за прогласување на законите го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието.

Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, доколку смета дека не е во согласност со Уставот или е во спротивност со потврдените меѓународни договори, и да го врати на повторно разгледување во Собранието.

Доколку притоа Собранието го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот. Претседателот на Републиката е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Во рамки на надлежностите на претседателот на Републиката е и да предлага двајца судии на Уставниот суд на Република Северна Македонија, двајца членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија, а предлага и двајца членови на Советот за радиодифузија. Претседателот го предлага и гувернерот на Народна банка, кој потоа го именува Собранието.

Претседателот на државата е врховен командант на вооружените сили на Републиката, го поставува и го разрешува началникот на Генералштабот на АРМ, поставува и разрешува генерали.

Тој е и претседател на Советот за безбедност на Република Северна Македонија и именува тројца од членовите на Советот. Претседателот, исто така, го именува и го разрешува директорот на Агенцијата за разузнавање.

Титулата национален уметник ја доделува претседателот на Република Северна Македонија, врз основа на предлог од министерот за култура, а по претходно мислење на комисија.

Одредбите што се однесуваат на претседателот на Република Северна Македонија се сместени во Уставот (III дел – глава 2 и во други делови и глави) Преглед на должностите и овластувањата на Претседателот на Република Македонија според Уставот и законите, како и во определени закони.

Постапка за утврдување одговорност на претседателот на Републиката поведува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.

МИА/Фото: Фејсбук/Пендаровски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Виртуелна тура низ Вила Водно, каде ќе живее новиот претседател, Пендаровски

Како и Заев и Пендаровски нема ни куќа, ни стан: Каков имот пријавил новиот претседател на државата

(Фото) Што открива за Пендаровски, новиот претседател на државата, неговата сопруга Елизабета

Кој е Стево Пендаровски: Од советник на двајца претседатели до нов претседател на државата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судскиот совет ја предложи Елизабета Дуковска за член на Уставниот суд

Редакција

Отсуството на обвинителката од СЈО, Стефановска го одложи рочиштето за „Траекторија“

Редакција

Четириесет и девет пациенти кои оделе на дијализа починале како последица од Ковид-19

Редакција