еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Какви навреди децата трпат од родителите: Коњу, магаре, прост си ништо не разбираш

Министерството  за труд и социјална политика, Министерството за здравство и Министерството за образование и наука, заедно со Европската унија и УНИЦЕФ, започнаа кампања насловена како „И родителството се учи“.

Отворајќи дискусија за детскиот развој и човечкиот напредок, кампањата има за цел да го сврти вниманието кон потребата родителите да се поддржат во подигање самоуверени, учтиви и успешни деца.

Во рамките на кампањата има емотивно видео во кое децата глумат како родителите ги дисциплинираат. Видеоето го одразува физичкото и психолошкото насилство што го користат 8 од 10 родители во земјата.

8 од 10 родители ги навредуваат децата со „коњу“, „магаре“, „идиоту“ и ред други „епитети“ кои се комплетно погубни за детската психа, развој и перцепција на детето кон самото себе.

При таквата деструктивност во однесувањето, родителите не може да воспитаат самоуверени и деца сигурни во себе. Потхранувањето и поттикнувањето на самодовербата кај детето, во најголем дел потекнува од односот на родителите кон него. И таа доверба еден кон друг, се гради внимателно, чекор по чекор, барајќи огромна претпазливост од страна на родителите.

Родителите се креатори на близината или далечината со нивните деца. Денес, се поголем број на родители се емотивно недостапни за нивните деца. Обземени со секојдневието, борбата за егзистенција, работа, влијание на технологијата имаат отсутен и празен поглед при разговори со децата. Им недостасуваат емпатија, разбирање, трпение. А тоа децата, и тоа како го чувствуваат.

Па оттука, со таквиот однос се разнишува меѓусебната доверба. И ако веќе треба да учиме како родители, можеби редно е да научиме дека премногу ги потценуваме тие мали најважни човечки суштества на свет. Со односот „остај го мало е и не разбира“, посебно до петтата година, пропуштаме златен период за развој на детето, имајќи ја предвид брзината со која мозокот се развива токму тој период.

Зборувањето и комуникацијата ги заменија таблетите и телефоните, па не ретко однесувањето на децата е како да се лик од цртан филм, а и се почесто, подоцна прозборуваат.

Најновите сознанија во науката покажуваат дека во првите години од животот, човечкиот мозок се развива со брзина која никогаш потоа нема да се повтори. Секое поединечно искуство на детето влијае врз развојот на мозокот и го обликува начинот на кој тоа размислува, чувствува, се однесува и учи во текот на животот. Кон нив, во тој период треба да се однесуваме како кон личности со посебност и идентитет.

Истражувањето поддржано од УНИЦЕФ покажува дека иако повеќето родители се свесни за штетните последици од користењето насилство при воспитување на децата, тоа не е одразено во праксата.

Општествените очекувања за казнување, слабата самоделотворност и немањето пристап до информации за позитивното родителство и детскиот развој се главните причини за продолжување на насилната практика. Кампањата ќе се осврне кон овој недостаток, давајќи им на родителите ресурси за позитивно родителство.

„Повеќето родители знаат дека тие се најважните учители на своите деца, но постои тенденција да се верува дека на децата треба да „им се одржи лекција“ за да научат.

И конечно:

Како да ги натерате да читаат, ако не сте отвориле книга пред нив?

Како да им го ограничите времето поминато на телефон, ако наместо со нив, времето го поминувате скролајќи на социјални мрежи?

Како да им речете „не викај“, ако и самите така разговарате?

Како да ги научите да не фрлаат отпадоци на улица, ако и самите го правите истото?

Како да барате нешто од нив, а самите не сте пример во тоа?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јосиф Попов е пронајден, мајка му вели дека бил заведен од секта

Редакција

(Фото) Bonatti во Македонија со трендовска колекција за костими за капење лето ‘19

Редакција

Нов закон за прекинување на бременоста нема, за абортус се чека

Редакција